Конопјанка последно зимско засилување на Ливерпул

Челниците на англискиот премиерлигаш Ливерпул ќе се обидат до крајот на зимскиот преоден рок да го договорат трансферот на стандардниот првотимец во дресот на украинскиот прволигаш Днипро, Јевген Конопјанка.

Англиските медиуми потврдија дека преговорите помеѓу двата клуба се во напредна фаза и дека истите треба да најдат заеднички јазик околу побараното обештетување од 20 милиони евра.

“Се надевам дека ќе ангажираме некое квалитетно засилување до крајот на зимскиот преоден рок. Се надевам дека ќе станува збор за фудбалер од светска класа и дека истиот ќе ни помогне во обидот да ги исполниме нашите зацртани цели за актуелната сезона”, изјави по натпреварот со Евертон, менаџерот на „црвените”, Брендон Роџерс.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.