Конститутивна седница на Претседателството на БиХ на 17 ноември

Конститутивна седница на Претседателството на БиХ ќе биде одржана на 17 ноември, а наместо хрватскиот член Жељко Комшиќ и српскиот Небојша Радмановиќ во Претседателството влегуваат Драган Човиќ и Младен Иваниќ.

Втор мандат како претставник на бошњачкиот народ во Претседателството добил кандидатот на Партијата демократска акција (СДА) Бакир Изетбеговиќ, јави Танјуг.

На местото на хрватскиот член на Претседателството се враќа Човиќ, претседател на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) БиХ, кој ја извршуваше функцијата и во периодот од 2002 до 2005 година.

Радмановиќ на местото на српскиот член на Претседателството ќе го наследи Младен Иваниќ, кандидат на Сојузот за промени.

Иваниќ на политичката сцена е речиси 30 години и беше претседател на Владата на Република Српска, министер за надворешни работи на БиХ и делегат во Домот на народите на РС БиХ.