Kонструктивниот британско – македонски политички дијалог ќе продолжи да се негува

Mинистерот за надворешни работи, Никола Попоски ја прими делегацијата на Групата за соработка со Македонија при Долниот дом на Парламентот на Обединетото Кралство, предводена од претседавачот на групата, Карен Лумли.

Во разговорот со британските пратеници, министерот Попоски се осврна на неодамнешната посета на Лондон и конструктивните разговори со британските политички чинители, како и учеството на Глобалниот Самит за запирање на сексуалното насилство за време на конфликт.

На средбата се разговараше за клучните реформи за интегрирање на Република Македонија во ЕУ, а истите се и дел од Пристапниот дијалог на високо ниво. Околу грчкото попречување на напредокот на Република Македонија кон преговорите со ЕУ беше изнесена важноста од задржување на нарушениот кредибилитет во процесот.

Воедно, министерот Попоски ја истакна важноста на поддршката која Република Македонија ја добива од Обединетото Кралство и во тој контекст изрази уверување дека отворениот и конструктивен британско – македонски политички дијалог ќе продолжи да се негува и надоградува.

Британските парламентарци уште еднаш ја потврдија натамошната поддршка на Обединетото Кралство на европската агенда на Република Македонија за полноправно членство во европските и евроатлантските структури.