„Конструктивноста“ на СДСМ го распадна Професорскиот пленум

Професорскиот пленум е пред распад откако вчера и денеска голем дел од професорите го откажале членството од оваа организација револтирани од нивната злоупотреба и манипулација од страна на СДСМ, објави Република.

-Во текот на денешниот и вчерашниот ден голем дел од професорите го известиле пленумот дека бараат да бидат избришани од списоците на пленумот гневни од односот на дел од колегите, а напнатата ситуација доживеала кулминација вечерва за време на состанокот на професорскиот пленум што се случил на Филозофскиот факултет кога дошло жестока расправија меѓу спротивставените страни, пишува Република.

Од една страна биле професорите кои се противеле на намерите пленумот да биде злоупотребен за исполнување на целите на СДСМ за уривање на власта, а од друга страна биле професорите кои ги следеле инструкциите за дејствување што ги добивале од „Павел Шатев“ поранешна „Бихакќа“. Кавгата била толку жестока што дел од учесниците ја напуштиле средбата со плачење.

Меѓу оние кои се повлекле од пленумот имало и многу професори Албанци кои не сакале и понатаму да бидат манипулирани и контролирани од СДСМ.

Професорите кои го напуштиле пленумот биле исклучително револтирани од тоа што пленумот се користел како приклучок за уривање на владата. Дел од нив реагирале дека нивната цел со зачленувањето во пленумот не била да станат партиски војници кои ќе бидат „активирани по потреба“ и дека ако сакале да бидат членови на некоја партија тоа ќе го стореле одамна, пишува порталот.