Свет

Контакт групата и проруските сепаратисти се договорија за безбедна зона околу урнатиот авин

Контакт групата и проруските сепаратисти се договорија за безбедна зона околу урнатиот авин

Членовите на контакт групата, вклучувајќи ги Украина, Русија и ОБСЕ, се договорија со проруските сепаратисти за создавање зона на безбедност околу местото каде што се урна малезискиот авион, соопшти шефот на украинските служби за безбедност, Валериј Наливајченко.

„Разговорите со сепаратистите доведоа до создаване 20-километарска зона за безбедност, за да може Украина да ја исполни главната задача – да ги идентификува телата и да ги врати на семејствата“ – рече тој.

Иследници и меѓународни набљудувачи пристигнуваат денеска во Киев со надеж дека ќе можат да дојдат до местото на несреќата во реонот контролиран од сепаратистите.