Конте има мерак и на Мората

Актуелниот предводник на старо-новиот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Антонио Конте призна дека е голем фан на резервниот напаѓач на најтрофејниот шпански клуб Реал Мадрид, Алваро Мората.

Младинскиот репрезентативец на Шпанија не може да се пофали со некоја поголема минутажа во актуелната сезона и поради таа причина 21-годишниот напаѓач сигурно ќе си замине од “Сантијаго Бернабеу” на стартот од летниот преоден рок.

“Мората е фантастичен фудбалер и фудбалер кој сигурно ќе има блескава, успешна иднина. Можам да гарантирам дека Мората ќе израсне во фудбалер од светска класа. Знам дека е незадоволен од минутажата, но Алваро игра за Реал Мадрид, игра за голем клуб”, изјави Конте.

Резервниот напаѓач на “кралскиот клуб” е проценет на 15 милиони евра, а интерес за неговите услуги веќе демострираа раководните лица на Арсенал, Тотенхем, Борусија од Дортмунд и Интер.