Конте: Интер треба да се среќен што прими само три погодоци

Предводникот на актуелниот шампион на Италија, Јувентус, Антонио Конте ги пецна клупските челници и фудбалерите на Интер дека треба да бидат пресреќни што неделниот дерби натпревар завршил со триумф на “старата дама” од само 3:1.

“Јувентус е најефикасниот тим во италијанската Серија А и можевме да постигнеме повеќе од три погодоци на неделниот дерби натпревар. Хандановиќ спаси неколку чисти погодоци. Јас сакам мојот тим да напаѓа во сите 90 минути, да има целосна контрола врз играта и врз топката. Секогаш е подобро да се игра офанзивно отколку да се игра позади топката. Јас сум презадоволен од играта на моите фудбалери, тие се најзаслужни за освоените три бода. Штета што примивме погодок”, изјави Конте кој е познат и по тоа дека многу сака да се фали кога неговиот тим победува и многу сака да плаче и да плука по судиите кога неговиот тим ќе загуби.