Конте ќе и раскине на старата дама

Најголемиот “виновник” за новото Скудето во италијанската Серија А, предводникот на Јувентус, Антонио Конте не даде конкретен одговор на прашањето дали и во следната сезона ќе биде предводник на старо-новиот шампион на Италија.

„Би го нарекол ова историско Скудето. Тоа е најсоодветен опис во овој момент за се што тимот направи изминатите три години. Со челниците ќе разговарам кога ќе се смират страстите и ќе го анализираме сработеното. Ова беа три интензивни и страсни години. Мора да седнеме, да изнесеме се и да видиме каква е ситуацијата. Му посакувам на Јувентус се најдобро во секоја смисла. Отсекогаш сум бил човек на Јувентус, дури и кога сум работел на други места, и тоа секогаш ќе биде така“, изјави предводникот на “старата дама”.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.