Спорт

Конте најави трансфер, Констант доби банана

Конте најави трансфер, Констант доби банана

Неделниот дерби натпревар од 37. коло во италијанската Серија А, дуелот на “Олимпико” помеѓу второпласираната Рома и старо-новиот шампион на Италија, Јувентус, заврши со минимален триумф на “старата дама” од 1:0.

Единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 90 минута беше дело на поранешниот напаѓач на римската “волчица”, Даниел Пабло Освалдо.

Предводникот на Јувентус, Антонио Конте по натпреварот изјави дека е можно да си замине од Торино за време на летниот преоден рок.

“Што друго да посакам од моите фудбалери. Ми ги исполнија сите желби, се што посакав тоа го направија во изминатите три сезони. Расположен сум за некој нов проект, самак нов предизвик. Веќе ги информирав клупските челници дека сакам убаво да размислам. Сите опции се во игра, а за неколку дена ќе ја слушнете мојата конечна одлука”, изјави Конте.
Освен по среќниот триумф на домаќинот, првенствената пресметка помеѓу Аталанта и Милан ќе биде запаметена по недоличното однесување на домашните фанови кои на старот од второто полувреме фрлија неколку банани на фудбалскиот терен, а истите беа наменети за дефанзивецот на Милан, Кевин Констант.

Резултати: Болоња – Катанија 1:2, Калјари – Киево 0:1, Сампдорија – Наполи 2:5, Аталанта – Милан 1:2, Рома – Јувентус 0:1, Сасуоло – Џенова 4:2, Ливорно – Фиорентина 0:1, Торино – Парма 1:1.