Конте повторно рони крокодилски солзи

Дека е плачо со тапија, тренерот на италијанскиот калчо гигант Јувентус, Антони Конте докажа и по натпреварот против Бенфика кога вината за елиминацијата од Лигата на Европа ја лоцираше кај гостинските фудбалери и кај главниот арбитар од Англија, Марк Клатенбург.

„Бенфика не дојде да игра фудбал, туку да лежи на теренот. Жалам што ги разочаравме навивачите, но мислам дека судијата премногу ги толерираше нивните симулации на тревата. Не знам дали имаше ефективни 45 минути на овој меч. Но, тоа сепак не е оправдание за тоа што ние не постигнавме погодок. Сега ни преостанува да ја завршиме работата во Серија А и да му се радуваме на „скудетото“. Жалам што дојдовме на чекор до европско финале“, но на крајот потклекнавме“, изјави предводникот на “старата дама”.