Конте тренер на Јуве уште една сезона

Најзаслужниот за последните три титули кои се освоени во италијанската Серија А, Антониот Конте и во новата клупска сезона ќе биде предводник на старо-новиот шампион на Италија, тимот на Јувентус.

Раководните лица на „Старата дама” преку официјалниот профил кој го имаат на познатата социјална мрежа „Твитер” потврдија дека младиот фудбалски стручњак ќе биде предводник на Јувентус и во сезоната 2014/2015.

Веднаш по официјалната прослава за освоеното јубилејно 30. скудето, Конте договори состанок со клупските челници се со цел да види дали има иста филозофија со раководните лица и иста амбиција кога е во прашање новата клупска сезона.

За време на состанокот било дефинирано дека Конте ќе остане во Торино уште најмалку една сезона, но нема конкретна информација дали италијанскиот стручњак ќе биде награден со нов побогат договор затоа што актуелниот му завршува на крајот од следната сезона.