Македонија

Контингент на АРМ на воена вежба во Белгија

Контингент на АРМ на воена вежба во Белгија

Контингент од 150 припадници на АРМ од денеска до 13 јуни ќе учествува на вежбата „Брз лав 14“ во Белгија, како дел од борбената група на ЕУ.

Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, кој денеска ја испрати единицата, оцени дека ова е голем успех за АМР и за Република Македонија и потенцира оти со ова испраќаме јасен сигнал за поддршка на одбранбената политика на ЕУ, на вежбите што се организират од страна на армиите од земјите-членки на ЕУ, а покрај напорите кои ги дава АРМ во мировните операции кои се под водство на НАТО, исто така даваме придонес и кон ЕУ.

– Целта e да се провери обученоста и интероперативноста на единиците кои ја градат оваа борбена група и ќе бидат евентуално ангажирани во мировни операии кои ќе се водат на територијата на Европа, изјави началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Котески, изразувајќи очекување единицата во целост да ги задоволи бараните стандарди и критериуми поставени на оваа вежба.

Декларираната единица на АРМ денеска за Белгија ќе отпатува со специјален лет организиран со авион на Вооружените сили на Кралството Белгија.

Инаку, декларираната единица на АРМ е дел од борбената група на ЕУ (ЕУБГ 214-2) која е предводена од Вооружените сили на Кралството Белгија, а во која со свои сили учествуваат и армиите на Холандија, Луксембург, Шпанија и СР Германија.