Контра здружение „Легија на честа“ ќе ја брани Тиранската платформа

СДСМ и Зоран Заев со цел да ја одбранат Тиранската платформа која во целост ја прифатија,  формираат свое контра „граѓанско“ здружение наречено „Легија на честа“ составено од докажани соросови активисти кои учествуваа во „Шарената револуција“.

Како што објавуваат соросовите медиуми, претседател на ова здружение е Зоран Димовски, а негов заменик е Југослав Петровски, инаку и двајцата отворени поддржувачи на СДСМ и Заев. Здружението формирало дури и свој Надзорен и Управен одбор, како и други тела и органи.

Зоран Димовски со генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски и пратеникот Васко Ковачевски
Зоран Димовски со генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски и пратеникот Васко Ковачевски
И Димовски и Петровски беа дел од таканаречената „Шарена револуција“ на СДСМ/Сорос која со месеци дивееше, палеше и уништуваше низ главниот град. Преку ова контра здружение на СДСМ, истите соросови активисти сега се вклучуваат за одбрана на Тиранската платформа, против Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ која веќе два месеци мирно, гордо и достоинствено протестира низ цела Македонија.

dimovski-zekiri
Претседателот на здружението Зоран Димовски со Мухамед Зекири
Токму Југослав Петровски, кој директно учествуваше во соросовата „Шарена револуција“, а сега се јавува како заменик-претседател на ова здружение, пред неколку дена пишуваше дека ја поддржува Тиранската платформа, која според него, била одлична основа за разрешување на отворените дилеми.

Југослав Петровски на протестите на „Шарената револуција“
-Значи јас Југослав Петровски ја поддржувам “тиртанската платформа“ – која, по мое мислење, е одлична основа за конечно разрешување на отворените дилеми при една здрава собраниска расправа и при таквата расправа што поскоро да се дојде до собраниски компромис и допринос – а за да до тоа дојде, прво треба да се избере: НОВАТА РЕФОРМСКА ВЛАДА!, пишува Петровски.
со-трицко
Југослав Петровски и Бранко Тричковски

со-заев
Петровски и Зоран Заев

бој
Петровски директно учествуваше во уништувањето на „шарените“

Дури и самите членови на таканареченото здружение признаваат дека 90% се членови на СДСМ.

пост

Ова контра здружение СДСМ е формирано со цел да ја брани Тиранската платформа прифатена од Зоран Заев и да внесува раздор меѓу македонскиот народ кој веќе два месеци протестира против Тиранската платформа, која претставува вовед во федерализација на Македонија и разнебитување на унитарноста на државата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.