Контраофанзива на курдските сили во Кобане

Курдските сили во текот на ноќта заземале две позиции на џихадистите од Исламската држава во Кобане, но екстремистичката група и понатаму го контролира скоро половина од сирискиот град, кој е во близина на турската граница, соопштуваат од Сириската опсерваторија за човекови права.

„Единицата за заштита на народор изведе контраофанзива во јужниот дел на Кобане и заземе две позиции кои беа под контрола на ИД. Во контраофанзивата се убиени 13 џихадисти“, додава Опсерваторијата.

Истовремено, меѓународната коалиција предводена од САД извела нови воздушни удари на исламистите во источниот и јужниот дел од градот.