Контраверзен план: Сакаат да срушат џамија, а телото на Мухамед да го однесат на тајна локација

Во Саудиска Арабија преовладува вахабизмот, строга интерпретација на исламската селефијска традиција според која е забрането обожување на билокакви објекти или свети личности.

Едно од најсветите исламски места, гробницата на пророкот Мухамед која е во Медина, може засекогаш да биде уништена, а неговото тело преместено и закопано на тајна локација.

Овој контраверзен план е идеја на саудискиот академик др. Али бин Абдулазиз ал Шабал кој изработил документ во кој предлага уништување на гробот на пророкот Мухамед во Медина.

Дека работата да не е толку невина укажува и фактот што старешината на Џамијата на пророкот во Медина, второто најсвето место во исламот, одма по Мека, сериозно размислува за овој план.

Академик ал Шабал повикува на рушење на куполата како и уништување на просторијата околу гробот, светото место за Шиитите, со што би се допринело за уште поголем јаз меѓу двете гранки на исламот, Сунитите и Шиитите.

„Верниците ги посетуваат одаите околу гробот на пророкот и се вртат кон гробот за да се молат. Сакаат да ги спречат верниците во таквиот вид на молитва бидејќи вахабистите тоа го сфаќаат како идолизирање. Единствен начин за верниците да го посетуваат гробот на МУхамед е да ги изнесат неговите посмртни останки и во тајност да му направат гроб“, објаснува саудискиот академик кој се спротивствува на контраверзниот план, доктор Ирфан ал Алави.

Дека оваа судбина на вечниот дом на Мухамед е можна се поткрепува и со фактот дека слични работи веќе се случувале во Мека, каде што за проширувањето на Масџид ал- Харам, најголемата џамија во светот и најголемото муслиманско светилиште, се уништи 95 отсто од старите градби во градот, од кои повеќето биле постари и од илјада години. Наместо стариот град, на ова место никнале луксузни хотели, апартмани и трговски центри.

„Џамијата на пророкот е опкружена со булдожери. Откако ќе ја исчистат околината на џамијата, ќе тргнат кон неа додека очите на светот се свртени кон Ирак и Сирија. Гробницата на пророкот Мухамед е почитувана од Сунитите кои такво нешто никогаш не би направиле, а таа е еднакво важна и за Шиитите“, предуредува академик Ал Алави.