Контрола во ноќни клубови во Тетовско: Фатени три танчерки од Македонија и четири странски келнерки

Три девојки од Македонија, три од Албанија и една од Бугарија паднале во рацете на полицијата во акција која се одвивала после полноќ во угостителски клубови во Тетовско.

Како што извести СВР Тетово, околу 1 часот по полноќ  била изведена акциска контрола во два угостителски објекти „Виа Дарданија“ во Теарце, сопственост на Ф.И (27) од Слатино и „Били 97“ во Добри Дол, сопственост на Н.Р.(45)од истото село.

Во првиот објект биле затекнати две државјанки од Албанија, на возраст од 21 и 26 години, кои работеле како келнерки, иако немале работна дозвола, како и три танчерки од Македонија. Во вториот објект затекнати се две девојки, од Албанија и од Бугарија.

Странските државјанки биле предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.