Македонија

Контроли во 75 угостителски објекти во Велес, Кавадарци, Демир Капија, Неготино и Росоман

Контроли во 75 угостителски објекти во Велес, Кавадарци, Демир Капија, Неготино и Росоман

Во дваесет и седум угостителски објекти од различен вид на подрачјето на Велес е извршена контрола и притоа не се констатирани никакви неправилности во работењето.

Исто така и на подрачјето на Неготино и Демир Капија кај контролираните 23 објекти не се детектирани неправилности во работењето.

На подрачјето на Кавадарци и Росоман, пак, проверка е извршена во 25 угостителски објекти, а од извршената контрола во еден угостителки објект се констатирани два прекршока по Закон за заштита од пушење при што на сторителите им се издадени покани за наплата на глоба, а од страна на Пазарна инспекција и Управа за јавни приходи против правното лице, како и одговорното лице на објектот издадени се платни налози за наплата на глоба и забрана за работа на објектот во времетраење од 15 дена.