Контролките со Србија и Црна Гора за 50 денари

Љубителите на ракометот за симболична сума од 50 денари ќе можат да ги гледаат последните контролни натпревари на ракометната репрезентација на Македонија, пред да отпатува на ЕП во Данска ( 12 – 26 јануари), наредната година.
Последните контролни натпревсри “црвено – жолтите ќе ги одиграат против Србија ои Црна Гора на турнир во Скопје од 3 до 5 јануари.
Репрезентацијата почнува со Црна Гора на 3 јануари (18,30), а на 5 јануари играме со Србија (18,30). Сите мечеви се играат во СРЦ Кале

Распоред на играње
СРЦ Кале.
3 јануари: Македонија – Црна Гора (18,30)
4 јануари: Србија – Црна Гора (18,30)
5 јануари: Македонија – Србија (18,30)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.