Свет

Контроверзен нов претседател на Генералното Собрание на ОН

Контроверзен нов претседател на Генералното Собрание на ОН

Генералното собрание на Обединетите нации го избра министерот за надворешни работи на Уганда, Сама Кутешу за свој нов претседател.

Оваа, воглавном церемонијална, но и престижна функција трае една година, а претседателите се менуваат по региони.

Кутеш ќе ја превземе должноста од сегашниот претседател, Џон Аше од Антигва, во септември, на полетокот на 69-тото заседание на Генералното собрание на ОН.

Како цели на својот мандат ги истакнал остврувањето на планот на ОН за борба против сиромаштијата до 2015 година, формулирање на планот за наредните 15 години, борбата за родова рамноправност и подобрување на положбата на жените, како и борбата против климатските промени кои се сместени меѓу „клучните глобални  предизвици  на нашето време“.

Противниците на именувањето на Кутеш, тврдат дека тој не го заслужува ова место, укажувајќи на тоа дека во неговата земја го поддржал донесувањето на агресивниот закон врз основа на кој не само што е забранет сексот меѓу лица од ист по туку тие заради тоа може да бидат осудени и на доживотен затвор.

На Кутеш исто така му се припишува и злоупотреба на функцијата и корумпираност – наводно примал мито од странски компании.

„Никогаш не е утврдено дека сум корумпиран“, рекол Кутеш на новинарите непосредно пред да биде избран за нов претседател на Генералното собрание и додал: „Не сум хомофоб. Верувам дека сум вистинската личност за раководење со оваа организација“.

Двајца Њујоршки сенатори го критикуваа именувањето на Кутеш, а повеќе од 9000 луѓе ја потпишаа петицијата со која од американскиот државен секретар Џон Кери и членките на светската организација се баа да го спречат неговот стапување на должност.

Во петицијата се спомнува неговата умешност во корупционерските скандали и улогата во донесувањето на анти-геј законот.

Кутеш е богат деловен човек и долгогодишен пратеник во парламентот на Уганда.

Неговите противници тврдат дека тој политички профитирал од блиските врски со претседателот Јовериј Мусевени, чии син се оженил со ќерката на Кутеш. Мусевени на власт е приближно три децении и е се повеќе авторитарен.

Кутеш (65) своевремено е сменет во парламентот од местото министер за инвестирање поради обвинувања дека ја злоупотребил функцијата.

Од 1999 до денс бил доведен во уште најмалку два скандали а еден од нив е примање на мито од меѓународни нафтени компании кои сакале да работат во Уганда.

Во говорите после изборот на Кутеш на функцијата претседател на Генералното собрание на ОН имало директни критики на негова сметка, но генералниот секретар Бан Ки Мун го повикал да ги зајакне напорите на ОН „за прекин на сите облици на дискриминација и обезбедување на сите членови на човечките семејства да ги уживаат основните човекови права“.