Македонија

Конзервација на фрескоживописот на црквата Вознесение Христово

Конзервација на фрескоживописот на црквата Вознесение Христово

Започнаа активностите за конзервација на фрескоживописот во црквата Вознесение Христово во штипско Ново Село.

Конзервацијата, која ќе се одвива во неколку фази, ќе го опфати живописот кој датира од периодот на градењето на црквата во 1388 година и врз кој подоцна,  во 1601 година, е насликан нов фрескоживопис од зографот Јован. Ќе се изврши консолидација на оштетените делови, како и отстранување на причинителите на сегашните и на идните оштетувања на обоениот слој на ѕидното сликарство.

Во изминатиот период, поради присутната влага на ѕидното сликарство на оваа значајна црква, констатирани се сериозни оштетувања, кои ќе се надминат со изведбата на предвидените конзерваторско-реставраторски работи.

Црквата Вознесение Христово, Св. Спас е изградена од страна на војводата Димитрие како еднокорабна базилика со впечатливо обликувана надворешност.