Конзервативците со мала предност пред парламентарните избори во Велика Британија

Конзервативната партија на премиерот Дејвид Камерон, има минимална предност пред опозициската Лабуристичка партија на Ед Милибанд, пред парламентарните избори во Велика Британија што се одржуваат в четврток, на 7 мај, покажува најновата проценка на Би-Би-Си..

Проценката е направена врз основа на збирните резултатите од сите анкети и истражувања за расположените на гласачите на само три денови пред гласањето за новиот состав на британскиот Парламент.
Според оваа проценка, на претстојните избори, конзерватиците ќе добијат 34 отсто, додека лабуристите 33 отсто од гласовите на Британците.
Како трета по големина, овој пат е Партијата за незавинсот на Обединетото кралство (УКИП) која се предвидува да добие 14 отсто, додека Либералдемократската партија на досегашниот заменик премиер Ник Клег, може да се надева на само осум отсто од гласовите.
Зад неа, но сосема блиску,  се британските Зелени кои се предвидува да освојат пет отсто,додека сите други партии може да сметаат на преостанатите шест отсто од гласовите на гласачите.
Сите аналитичари во Лондон се согласуваат дека овие парламенгарни избори во Велика Британија се нејнепредвидливите досега, но дека во секој случај,  новата британска влада одново ќе биде коалициона.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.