Конзулатот на САД во Истанбул нема да работи поради закани

Американскиот Конзулат во Истанбул денеска нема да извршува конзуларни услуги поради информацијата за можна закана за безбедноста на мисијата.

– Ги предупредуваме американските граѓани да бидат мошне внимателни, да ги следат локалните случувања и да ги преземат неопходните мерки за да ја заштитат сопствената безбедност, се наведува во соопштението, објавено на сајтот на Конзулатот, пренесува МИА.

Во соопштението не се прецизира за каква закана станува збор.

Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби изјави во Вашингтон дека се преземени рутински консултантски услуги, но оти ќе бидат извршувани ограничени итни услуги.

Другите дипломатски мисии на САД во Турција, Во Анкара, Измир и Адана ќе работат нормално, се додава во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.