Координативен состанок во МВР за приоритетните реформи

Се одржа третиот по ред координативен работен состанок на вицепремиерот за европски прашања Арбр Адеми и вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски со министерот за внатрешни работи Митко Чавков.

На состанокот се разговараше за активностите кои се преземаат за реализација на итните реформски приоритети во областите во  надлежност на Министерството за  внатрешни работи, а кои  се поврзани со процесот на европска интеграција, како и статусот на релевантните проекти финансирани преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА).

За време на состанокот соговорниците посебно се осврнаа на препораките за реформа на системот за следење на комуникации како и на активностите кои се преземаат за зајакнување на  борбата против корупцијата и организираниот криминал, стои во соопштението.

Денешниот состанок е дел од циклусот, ЕУ институционални средби, чија цел е да се обезбеди дополнителна координација на реформите во процесот на европската интеграција. На овој состанок му претходеа состаноци со Министерството за информатичко општество и јавна администрација и со Министерството за правда