четврток, 19 јануари 2017  |  Вести денес: 50

Координативното тело со превентивни мерки по најавите за нов снежен бран

sneg

Последни вести

Координативното тело при Министерството за транспорт и врски денеска ги разгледа мерките што ќе се преземат во врска со најавите за нов снежен бран што треба да ја зафати Македонија за време на викендот.

На градоначалниците им се препорачува директно да се вклучат во расчистување на сите патни правци за кои се надлежни и доколку имаат потреба да се обратат за помош до надлежните институции.

МВР, пак, треба да ги засили контролите на патните правци каде се очекува поголем интензитет на снежни врнежи, а на возачите им се препорачува да ги почитуваат правилата за носење на зимска опрема и да се придржуваат до најавите за забрана на движење на патните правци.

До граѓаните и институции се апелира редовно да ја следат временската прогноза и да се придржуваат кон препораките што ги даваат надлежните институции.

Најчитани вести