Копилотот е киднаперот на авионот на „Етиопиан ерлајнс“

Копилотот ја презел контролата над авионот на „Етиопиан ерлајнс“ на летот Адис Абеба – Рим и го пренасочил кон Женева за да бара азил. Сите патници се безбедни.

Авионот безбедно слета на женевскиот аеродром утрово околу шест часот,  а полицијата соопшти дека еден од киднаперите е уапсен, дека нема повредени и дека стиуацијата е под контрола.

Летот со број 702 полетал од Адис Абеба околу 22,30 часоти  требало утрово околу пет часот да слета во Рим. Сепак, леталото „боинг 767 -300“ околу шест часто слетал на аердромот во Швајцарија, што веднаш бил затворен.

Ројтерс јави дека копилотот веднаш по слетувањето се предал на полицијата и побарал политички азил во Швајцарија. Тој од авионот излегол низ прозорецот од кабината и навел дека во Етиопија се чувствува загрозен.

Копилотот –киднапер ја презел контролата над авионот кога пилотот отишол во тоалет. Се заклучил во кабината и го пренасочил авионот кон Женева.

„Авионот принудно слета во Женева, слетувањето беше безбедно. Сите 200 патници и екипажот се на безбедно на аеродромот“, се наведува во соопштението.

Би-Би-Си објави дека киднапирањето е направено за време на летот над Судан.