Копилотот намерно го спуштал Ербасот на „Џерман вингс“

Истрагата за катастрофата на „Ербасот А320“ на германската компанија „Џерман вингс“, кој сообраќаше на линијата Барселона-Дизелдорф, дојде до заклучок дека дека копилотот, кој останал сам во кабината намерно го вклучил копчето за мониторингот на летот, со што започнува неговото фатално спуштање се до страшниот судар во планината, јави дописникот на МИА од Париз.

– Само во пилотската кабина, копилотот можел да го манипулира копчето на мониторингот на летот за да го вклучи спуштањето на авионот, изјави денеска јавниот обвинител од Марсеј. – Оваа акција може да биде само намерна, додаде тој.

Капетанот на авионот безуспешно се обидувал да влезе во кабината, соопшти обвинителот, потврдувајќи ги информацииите кои се појавија во текот на ноќта.

– Во кабината се слуша дишењето на копилотот се до моментот на ударот, што покажува дека бил жив, дообјасни обвинителот.

Во несреќата загинаа сите 150 патници и членови на екипажот.