Корејката Ли го заврши настапот на првенството

Репрезентацијата на Кореја ќе настапи ослабена во преостанатиот дел од Светското првенство за кадетки во Македонија, откако повредата на Ханеил Ли е од крајно сериозен карактер и дека за неа шампионот е завршен.

Средниот бек го повреди коленото во финишот од натпреварот против Бразил, кој заврши со убедлива победа на тимот од Далечниот Исток. Ли долго по крајот на средбата лежеше на паркетот во салата СРЦ „Кале“, од каде беше однесена во градската болница „8 септември“.

„Станува збор за посериозна повреда на коленото поради која Ли мораше да биде хоспитализирана. Таа набрзо ќе биде оперирана поради што нејзиниот настап на СП во Македонија дефинитивно е завршен“, изјавија од лекарскиот тим.
Повредената Ли досега одигра вкупно десет минути на шампионатот постигнувајќи два гола.