Корибко за Нетпрес: Македонија нема да ги жртвува името и идентитетот се додека патриотот Груевски на власт

Македонија да остане надвор од ЕУ, за да не ја испушти историската шанса за соработка со БРИКС банката за развој, вели рускиот новинар и аналитичар Андреј Корибко во интервјуто со дописникот на Нетпрес од Атина. Корибко ги посочува примерите со Бугарија и Романија како показатели дека одлуката Македонија да ги смени името и идентитетот во замена за членство во ЕУ ќе биде и економски погрешна и дека единствено на што може да се надева е нејзиниот економски раст да биде исцеден. Корибко вели дека додека Никола Груевски е на власт, Македонија нема да ги жртвува името и идентитетот, но и дека Зоран Заев е сосема поинаква приказна и личност која што доколку ја зграпчи власта, веднаш ќе пристапи кон нивна продажба. Сепак, тој прогнозира дека Заев нема никави шанси да стане премиер на државата, иако открива дека многу време, ресурси и дипломатски капитал се вложени за соборување на владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Сега, по постигнувањето на конечниот договор меѓу политичките чинители во Македонија, со посредство на ЕУ и со вмешување на САД ( В. Нуланд ), конечно може да кажеме дека обидот за обоена револуција во земјата беше прегазен, заедно со пропагандата на домашните и странски елементи вклучени во него. Се чини дека Македонците ја избраа својата страна, па рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски сега е речиси тројно поголем од оној на опозициската СДСМ предводена од Зоран Заев. Согласно овој договор и земајќи го во предвид фактот дека опозицискиот рејтинг е три пати помал од оној на владеачката партија, опозицијата и нивните странски ментори сега се приморани да одат на избори, каде што ќе се соочат со волјата на Македонскиот народ. Вие ја следите состојбата од самиот почеток на обидот за државен удар, па според вас, кои се вистинските победници, а кои се вистинските губитници од овој договор што води кон предвремени избори?

Кризата изгледа дека е намалена засега, но тоа е всушност карактеристика која што води кон погрешен впечаток. На површината, да, ова беше победа на Македонскиот народ и нивната демократија со оглед на тоа што обоената револуција не успеа, но под површината, сеуште се во сила сериозни скриени дестабилизирачки струи. Договорот им дава на Заев, на Сорос и на нивниот кадар за обоена револуција, време да се регрупираат, да се обноват и повторно да се обидат со државен удар во април, но исто така, тој им дава и на Македонија и на нејзините патриоти време да се подготват за да се спротистават на ова, подеднакво брилијантно како што тоа го сторија во мај.

Затоа, главната несигурност дотогаш е колку ефикасен ќе биде следниот обид за обоена револуција. Не очекувам Заев да има било каква шанса за победа, но ако изборите се организирани од транзициска влада, која што би му послужила како екстензија на неговиот заговорнички досег (а и двете се поддржани и признати од Западот) и ако тие произведат фалсификуван резултат кој што на Заев ќе му ја даде премиерската функција, тогаш што може да стори Груевски ?

Повеќе од веројатно е дека кога актуелниот Премиер ќе победи на изборите со убедливо мнозинство во април, “опозицијата” ќе приреди некаква голема дестабилизација. Всушност, во западните престолнини можеби веќе е одредено дека ако Груевски победи, тогаш тие автоматски ќе ја обвинат владата за измама. Гледајте на тоа на овој начин, многу време, ресурси и дипломатски капитал е вложен со цел соборување на владата, преку тешки методи како обоена револуција и тероризам, но и преку меки методи како што се престојните избори, што значи дека поддржувачите на ова движење очекуваат да добијат нешто за возврат за својата инвестиција. Тие знаат дека победата на Груевски ќе му даде јасен мандат да продолжи по мултиполарната патека и во иднина, па според ова, ако неможат да го поткупат или да постигнат некаков “договор” со него, тогаш тие мораат политички да го тргнат, преку државен удар. Не велам дека ќе успеат во ова, но сакам да привлечам внимание на нивните императиви и како тие и пристапуваат на целата ситуација.

Во кратки црти, изгледа дека кризата е решена и дека се ќе биде во ред, но Македонците мора да се заштитат од секоја претстојна дестабилизација, поврзана со овие предвремени избори и да бидат подготвени да ја бранат својата татковина исто како што беа во мај. Ако го сторат тоа ( за што имам целосна верба дека ќе го сторат ) тогаш македонската демократија и идентитет може да бидат зачувани и за следната генерација.

Новиот грчки министер за енергетика Панос Скурлетис јасно порача дека Грција сеуште е дел од рускиот гасовод Балкански тек, додека неговиот претходник Панајотис Лафазанис нагласи дека ЕУ дури и во овој момент, прави притисок со цел спречување на проектот. Со оглед на тоа што самата ЕУ ќе има бенифит ако ја поддржи реализацијата на проектот, не е тешко да се заклучи дека тие повторно делуваат како марионета на САД. Па, колку од овој сервилен однос што ЕУ го има заземено е резултат на тоа што САД спроведуваат масовен надзор ( снимаат телефонски разговори и читаат мејлови ) врз францускиот и германскиот лидер, но и други функционери ? И што правеше всушност Викторија Нуланд на нејзината Балканска турнеја ?

Нема сомнеж дека личните закани се едни од клучните тактики со кои што САД се служат со цел да ја задржат контролата врз ЕУ. Со контролирањето на највисоките лидери, во случајов Меркел и Оланд, преку снимањето на нивните приватни разговори, тие без сомнение среќаваат и интимни и лични детали, па на тој начин ја инхибитираат нивната можност да носат независни политички одлуки. Но, всушност се оди и многу подлабоко, со оглед на тоа што се сомневам дека и клучните индивидуи во т.н. перманентна бирократија се исто така прислушувани. Ова се лицата кои што остануваат со министрите ( како на пр. Министерството за надворешни работи или за одбрана ) и тогаш кога власта се менува. Тие би требало да се причината затоа што има политичка стабилност меѓу администрациите во демократија, но истовремено, тие може да бидат експлоатирани, за САД да ја стабилизираат својата контрола врз земјата, дури и кога независен кандидат ќе биде биде избран да застане на чело на министерството. Прислушувањето на разговорите и личните уцени ги допираат сите нивоа на владите од ЕУ, па според тоа никој од нив неможе да се нарече независен. Меѓу нив можно е да има и некои независни елементи, но имајте в предвид дека дел од оваа структура е јавно или тајно поврзана со САД ( преку личен избор или уцена ) и тие ќе дадат се од себе за да ги саботираат патриотите.

Да позборуваме сега малку и за Нуланд. Јас напишав детална анализа во два дела објавена од The Saker каде што опишав што таа правеше на Балканот. Сумирано, таа дојде да шири закани и страв и нејзината порака може да биде прочитана не како порака на победа и доверба во американското контролирање, туку како порака на грижа и нервоза дека регионот е на траекторија да стане независен од САД на долг рок. Дозволете ми кусо да објаснам. Иако тоа директно не го кажува, таа е загрижена дека експанзијата на уставната автономија на република Српска, а нивниот претстоен референдум ќе ја држи цела Босна и Херцеговина надвор од формалниот Евро-Атлантски замав. Затоа таа заканувачки рече дека Босна може да остане надвор уште 20 години, ако сега не ги направи “круцијалните реформски одлуки”( што може да биде сфатено како деструкција на преостанатата автономија на Република Српска и вклучување на целата земја во Еу и во НАТО ).

Кога станува збор за Србија, таа навести дека сака земјата да го признае Косово како независна држава ( нешто за што ќе бидат приморани да распишат уставен референдум ) со цел Белград да ги направи следните чекори во разговорите со ЕУ. Нуланд прецизираше дека ова би можело да се случи до крајот на годината, па затоа сега може да се очекува и поголем притисок врз Србија во блиска иднина, во рамките на обидот на САД да ја примораат земјата да ги следи нивните иснтрукции. Гледано на овој начин, на обидот за атентат на Вучиќ во Сребреница може да се гледа како на лична порака која што му вели дека подобро ќе му биде да се усогласи со американските цели, инаку…

Состојбата е малку слична и во Македонија. Кога вели дека “големите политички сили мора да престанат да се расправаат“, таа всушност дел од вината за политичката криза ја префрла врз власта, што не е точна претстава на реалноста. “Патеката на демократската реформа исцртана од ЕУ комесарот Јоханес Хан со американска поддршка” за која што таа зборуваше беше во контекст на претстојните предвремени избори, но интересно е што таа ги користеше термините “демократска реформа”. Реформа е индикатор за некаква промена, а тоа покажува дека САД очекуваат одреден степен на политичка промена како резултат на овие избори, за што веќе зборував во претходното прашање. Според гледиштето на Нуланд, победата на Заев ( или со фалсификат или со државен удар ) ќе биде таа т.н. демократска реформа која што САД веднаш ќе ја признаат, затоа Македонците треба да внимаваат и да се подготват за уште една рунда од дестабилизирачката обоена револуција во април. Не заборавајте дека таа делот за Македонија го заврши порачувајќи и на земјата да се придвижи во насока на постигнување на спогодба за прашањето со името со Грција, после предвремените избори. Имајќи в предвид дека таа предвидува дека тогаш Заев ќе дојде на власт, очигледно е дека облогот го става на својот сателит, за да го продаде иднтитетот на земјата скоро веднаш, како крајна цена за влез во ЕУ и во НАТО.

Во Македонија во моментов соросовите активисти, медиуми и новинари се вмешуваат во кризата со сириските бегалци и тие навистина се трудат да спинуваат приказни дека државните институции лошо се справуваат со состојбата. Но, добро е познат фактот дека онаму каде што Сорос ќе се вмеша, постои и некаков заговор кој што треба да го вклучи црвениот аларм, па која е всушност вистинската причина поради која што неговите платеници сега “ги бранат” правата на бегалците, кога е познато дека човековите права не се дури ни последни на соросовата агенда?

Првата работа што треба да се каже е дека Македонија, како релативно мала земја со само 2 милиони народ, е преплавена од бегалците кои што ги преминуваат нејзините граници. Овој проблем во еден дел од поради вина на Грција, која што едвај помага со своите гранични служби, но мора да се разбере дека ова не го прават поради инает. Тешката финансиска ситуација на Атина остава и голема дамка на буџетската ефикасност на нејзините гранични патроли и ги реорганизира државните приоритети, а бегалците ова го користат, патувајќи на север кон срцето на Европа.

Ако Сорос навистина се грижеше за нивната благосостојба, тој и неговиот фронт од организации немаше да ја поддржуваат промената на режимот во Либија и Сирија, кои што се причина за нивниот егзодус. Дури и подоцна да се премислил, тој требаше да се справи со проблемот на првата појдовна точка на влез ( Грција ), а не да ги критикува државите кои што се натаму во низата. Соросовото лицемерие покажува дека тој има смислено некоја паметна манипулација за да го политизира ова прашање во Македонија.

Првата работа што треба да се знае е дека сево ова е дел од информациската војна против Владата, во пресрет на предвремените избори во април. Сорос и неговите поданици сакаат да ја оцрнат Владата на секој можен начин и да го нарушат нејзиниот углед, дома и во странство, а со искористувањето на лесната и емотивна целна група, како што се бегалците за кои што тој лично допринесе да бидат создадени, се чини дека е еден од најбрзите начини да го стори тоа. Нивната ситуација лесно се експлоатира од страна на неговите мултимилионски медиумски компании во земјата, за да создадат срцепарачки приказни без никакво значење и смисла, освен неправедно да ја фрлат вината за нивното патење врз Владата. Имплицитната порака што се турка е дека Груевски некако е виновен ( публиката не треба да прашува како и зошто ) и дека животот на бегалците ќе се олесни ако Заев беше задолжен за тоа.

Постои и друга причина зошто Сорос ги експлоатира бегалците и таа е многу попрактична во смисла дека помага во операцијата за менување на власта во земјата. Откако преку пропаганда ќе ја рашири нивната мака и претходно ќе ги подготви масите да очекуваат некаква форма на одоговор од нив, Сорос ќе ја постави сцената за оваа демографија директно да учествува во обидот за обоена револуција во април, или по своја сопствена волја или како платени демонстранти. Ако Владата ги притвори ( или за време на обидот за обоена револуција или претходно, едноставно и само поради нивниот нелегален статус на пример ), Сорос и неговите поданици се подготвени да тврдат дека се прави дискриминација, во обидот да го намамат албанското муслиманско малцинство да застане на страната на бегалците и да се сврти против Владата (нешто што долго го бараат, но на крајот планот им пропадна).

Но ова не запира овде, бидејќи крајната намера е неколку десетици илјади бегалци што транзитираат низ Македонија да бидат регрутирани во терористички организации што ќе и се спротистават на Владата. Унгарија информираше дека најмалку 90 000 лица нелегално влегле во земјата оваа година и дека очекуваат вкупна бројка од 300 000 до крајот на годината. Повеќето од нив најверојатно доаѓаат од јужната рута, што значи дека минуваат и низ Македонија. Ако се земе предвид екстремно конзервативното предвидување дека 1 процент од нив може да бидат терористи, тоа значи дека близу 1000 терористи до сега и 3000 до крајот на годината доаѓаат во Македонија на неопределен временски период. Или поинаку кажано, тоа е 100 пати поголем број од бројот на терористи што беа убиени за време на нападот во Куманово. Ако само неколку од овие високо обучени и невообичаено насилни индивидуи останат во Македонија и при тоа ги обучат своите приврзаници пред да се придвижат кон север ( можеби и за траен престој во Србија или Босна ), тогаш тоа може да има катастрофален ефект врз безбедносната состојба во земјата, во контекст на извонредно привлечната можност за обоените револуционери да се поврзат со овие елементи со цел да работат заедно во насока на дестабилизација на Владата.

Најпосле, тажната реалност е дека бегалците не се ништо повеќе од човечки штитови и топовско месо за потенцијалната обоена револуција и неконвенционалната војна, а оваа закана се однесува како на Македонија, така истовремено и на Грција, Србија и Босна во моментов.

Поради сите работи што се случуваа во Грција во изминатиов период во однос на референдумот и односот на ЕУ кон него, постои голем впечаток дека наместо да ја почитува, Брисел всушност за презира демократијата. Преставниците на ЕУ заедно со грчката про-европска опозиција заземаа јасен став против референдумот, правејќи при тоа и притисок врз гласачите дека гласањето со НЕ ќе значи дека ќе бидат избркани од Еврозоната. Медиумската пропаганда беше исто така доста активна, а едно истражување објавено од дел од грчкиот печат покажа дека најгледаните шест грчки национални ТВ канали, со исклучок на јавниот сервис, беа неверојатно наклонети кон ЕУ и гласањето со ДА. Ова беше докажано преку мерење на времето што шестте национални ТВ канали го посветија на собирите за галсање со ДА и со НЕ, кои што се организираа пред референдумот. Резултатот беше 47 минути покриеност и извештаи за собирот на поддржувачите на гласањето со ДА, наспроти поразителни 9 минути за собирот за НЕ. За какви европски “вредности” може да зборуваме денес, кога ЕУ толку многу и се спротиставува на демократијата, а се посветува на пропаганда, на притисок и се разбира, на своите банки ?

Корибко: Грците дадоа се од себе за да интервенираат во суверените работи на земјата преку вршење на влијание врз демократското гласање
Корибко: Грците дадоа се од себе за да интервенираат во суверените работи на земјата преку вршење на влијание врз демократското гласање

Настрана од целата нивна реторика, гледано во суштина, ЕУ не е воопшто за демократија. Како што можеме да видиме од сагата со Лисабонскиот договор изминатава декада, ако нешто не минува со демократското гласање на народот, тие продолжуваат во континуитет да го туркаат и да го плашат народот, се додека не капитулира. Крајот на играта е однапред одреден, но тие го користат “демократското” гласање како несомнено клише за подоцна да ги “легитимизираат” своите одлуки. Демократијата е сведена на ништо повеќе од алатка за манипулација која што се користи кога на Брисел му е потребна фасада за поддршка од надвор за било која контроверзна мерка.

Во последниот случај со Грција, тие дадоа се од себе за да интервенираат во суверените работи на земјата преку вршење на влијание врз демократското гласање и кога не им успеа ( а поради тоа беа изненадени ) тие излегоа со својот одмазнички гнев против Ципрас и понижувачки го присилија да ги прифати повеќето од мерките што гласањето со ДА секако ќе ги донесеше. Но, сепак, грчкиот глас за отпорот и фактот што народот ја сфати невозможната позиција на Ципрас (последните анкети покажуваат дека тој го задржа поголемиот дел од поддршката, но и дека луѓето не сакаат да излезат од ЕУ), им дава надеж на оние кои што веруваат во користењето на демократијата како оружје против автократијата и всушност, има и уште неколку други неодамнешни примери кои што покажуваат колку иронично ЕУ е исплашена од нештото за кое што трвдат дека го поддржуваат.

Погледнете ја реакцијата на ЕУ на референдумот во Крим, на пример. Брисел веднаш воспостави санкции против Русија и до денеска одбива да ја признае демократската волја на народот таму, кој што очигледно е среќен со својот избор. Или,  примерот со про- Македонскиот собир што се одржа во Скопје во мај. Близу 100 000 луѓе кои што активно излегоа за патриотски да ја искажат својата поддршка за македонскиот суверенитет и независност,  беа многу по бројни од неколкуте десетци илјади анти- владини обоени револуционери кои што мрзеливо безделничеа на собирот ден претходно. Неочекуваниот израз на демократијата го шокираше Брисел, кој што потоа побрза да го одложи застрамувачкиот неуспех на обоената револуција која што мизерно ја лансираа и франатично ја туркаа се до април, за да добијат доволно време во надеж дека ќе повратат дел од огромната база што ја загубија и дека ќе регрутираат повеќе поддржувачи ( и бегалци ) за втората рунда.

Конечно, ги гледаме Нуланд и Могерини и хистеричната реакција на Сараево за планираниот референдум во Република Српска, за тоа дали го признава илегалниот анти-Дејтонски суд и јавното обвинителство, што ги планира високиот комесар. ЕУ знае дека локалните жители убедливо ќе гласаат против, па затоа и не сакаат воопшто да дојде до гласање, а ако тоа се случи, тие ќе сакаат да го искористат за да ја обвинат автономната република за остатокот од нестабилноста и неуспехот во земјата, но и да најдат начин за казна подоцна.

Сево ова ме води до заклучокот дека демократијата е закана за моќта што ЕУ и на САД ја имаат врз европските народи и дека Македонија и Србија се единствените две места на Балканот кои што може да го сменат текот на доминацијата на Западот. Ниедна од нив не е целосно интегрирана во Евро-Атлантските структури, па тие имаат вистинска шанса да постават демократски пример за остатокот од Европа да го следи. Промоција на мултиполарноста, БРИКС и предноста на балансираната геополитика на долг рок може да влијаат врз владите на секоја од земјите, за да направат солидни чекори во таа насока. Вусшност, премиерот Груевски е наклонет кон ваквите позиции во последните години, а ЕУ знае дека ако тој победи и на следните избори со јасен мандат, тогаш тој ќе ја добие и поддршката што му е потребна за повеќе робустен геополитички пивот. Поради овие причини, Брисел се плаши од демократијата во Македонија и поради тоа сакаа да го соборат Груевски, па затоа и постои реален ризик дека ќе се обидат да се вмешаат во претстојните избори.

Во вашето последно интервју со претседателот на бразилската банка за развој, Лучијано Кутињо, го прашавте дали БРИКС банката за развој би можела да асистира кај некои од балканските земји кои што не се во ЕУ, како Македонија и Србија и неговиот одговор беше позитивен. Може ли да ни кажете нешто повеќе за можната иднина на оваа соработка?

Мислам дека ова беше најзначатната вест оваа година која што беше игнорирана од македонските мејнстрим медиуми и секој граѓанин треба да знае за ова. Интервјуто со Лучијано Кутињо го направивме за радио Спутник во рамките на БРИКС самитот и тој рече дека Македонија дефинитивно би можела да прими средства од Новата банка за развој, во иднина. Ова е монументално затоа што значи дека земјата конечно има економска алтернатива различна од ЕУ, но и дека Евро-Атлантската интеграција не е единствената форма на интеграција во светот. Соработката со земјите од БРИКС може да биде многу повеќе профитабилна за Македонија, но освен тоа, ќе биде зачуван и суверенитетот и идентитетот на земјата, со оглед на тоа што не западните земји никогаш нема да ве присилуваат да го менувате името како предулов за еднаква соработка. Македонија веќе има две тесни врски со БРИКС, преку потенцијалната соработка во рускиот проект за гасоводот Балкански тек, но и со кинескиот проект за високо-брзинска железница од Будимпешта до Пиреја, што ќе минува низ земјата. Затоа и би било логично да се профитира од овие две можности и во иднина да се однесат на друго ниво, бидејќи двете може да се искомбинираат за да формираат еден супер коридор за инвестиции кој што ќе овозможи Македонија да ја оствари својата судбина како геополитички поврзувач на целиот регион.

Новата банка за развој информираше дека планира да ги објави своите први проекти некаде во април, 2016 та, но и дека сака да се фокусира на петте основни членки пред да се разграни во други земји. Реално кажано, на организацијата може да и бидат потребни година до две за работите да си дојдат на свое место и за да научат како најефикасно да ги користат своите ресурси, па според тоа тие би можеле да почнат да работат со Македонија и останатите околу 2016 или 2017 та година. Сепак, мора да се каже дека Кутињо беше категоричен дека Новата банка за развој може да асистира само кај развиените економии кои што не се дел од ЕУ, па ако Македонија стане дел од оваа структура во периодот кога БРИКС ќе бара надворешни парнери за развој, тогаш земјата нема да биде квалификувана за таква соработка и ќе ја загуби оваа неверојатна шанса.

Мора да се запомни дека со цел Македонија да се приклучи на ЕУ ( како што повторно беше посочено од Нуланд ), земјата мора да се придвижи во насока на постигнување договор за прашањето со името со Грција, што значи да ја направи најголемата жртва и да ги смени своето име и идентитет, но ова нема да се случи со Груевски, кој што патриотски поддржува се што е македонско. Заев пак, е различна приказна и ако тој ја зграпчи власта, нема да губи воопшто време и веднаш ќе почне со тргувањето со идентитетот на Македонија за членство во ЕУ. Тоа сега и не е баш мудра економска одлука како што сите може да видат, со оглед на тоа дека Унијата е се наоѓа среде егзистенционалната криза во Грција, па дури и ако преживее без последници, таа не е способна да помогне на било кој од новите членки, како што ветија некаде во 2000 та година. Гледајќи како излегоа работите со модерна Бугарија, Романија и Хрватска, Македонија неможе да се надева на ништо, освен на тоа нејзиниот економски раст да биде исцеден од Германија, за да помогне во плаќањето на било какви загуби што Берлин ќе ги има поради грчкиот долг. Затоа, во најдобар интерес на земјата е да издржи што е можно подолго во сегашната состојба и да остане надвор од ЕУ, за да не биде зафатена од финансиската, политичката и социјалната зараза поврзана со овој блок, која што само ќе се интензивира во идинина, пред да се опорави, ако воопшто и се опорави.

Да биде надвор од ЕУ е токму она што и е потребно на Македонија за да ги добие придобивките од финансирањето од страна на БРИКС, а со оглед на тоа дека ЕУ најверојатно нема да почне да покажува солидни знаци на политичко и економско поправување до 2018 ( кога БРИКС ќе почне да бара надворешни партнери), Македонија нема што да загуби со тоа што ќе остане надвор од овој блок дотогаш. Ако ЕУ и дотогаш не се врати на вистинската патека ( а постои сомнеж дали ќе се врати, па дури и ако се врати, таа можеби нема да биде повеќе атрактивна за повеќето Македонци), тогаш Македонија може да работи со БРИКС, а доколку поради било која причина БРИКС тогаш не претставува опција, Македонија ќе може да продолжи по патеката на европската интеграција. Земјата буквално нема што да загуби, а има потенцијал да добие многу преку соработката со БРИКС, но прераниот скок во ЕУ со помош на продажбата на својот идентитет и влезот во овој блок среде најлошата криза што некогаш се случила, засекогаш ќе ја спречи соработката со БРИКС.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.