среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

Корибко: Поради заштитата на границата Македонија дополнително си го навлече гневот на Сорос и останатите сојузници на САД

andrej-koribko-1-640

Поврзани вести

Македонскиот премиер Никола Груевски и Националниот совет за безбедност навремено заклучија дека нивната земја се наоѓа во првите редови на американската неконвенционална кампања против ЕУ во однос на бегалската криза, по што итно преземаа решителни акции, вели рускиот новинар и аналитичар Андреј Корибко. Во вториот дел од интервјуто со дописникот на Нетпрес од Атина, Корибко открива дека поради фактот што македонските власти храбро застанаа во одбрана на суверенитетот, со што ја поддржаа и безбедноста на остатокот од Европа, на себе дополнително го навлекоа гневот на мрежата на Сорос и останатите сојузници на САД. Она што македонското лидерство го направи, е сосема спротивно од она што го сторија водечките лидери на ЕУ  кои што дозволија ваков драматичен развој на настаните, пред се поради тоа што се уценувани од страна на САД и тоа на повеќе начини, како економски, стратешки и безбедносно, но и преку нивни интимни детали за кои што амриканските разузнавачки служби имаат обезбедено докази, вели Корибко.

 

  1. Подредениот став што Европската Унија го има во однос на САД резултираше со сериозна бегалска и мигрантска криза што го погоува континентот. Агендата за дестабилзиација, ослабување и демографско менување на Европа, имплементирана пред се од машинеријата на Сорос, повеќе не е теорија на заговор туку очигледен факт. Терористичките напади во Париз, како и сексуалните и физички напади во Германија, се чини дека го вклучија црвениот аларм до одредена мера, но многумина тешко можат да поверуваат дека администрациите на водечките европски лидери беа толку наивни, па не можеа да предвидат дека сево ова ќе се случува. Како ги коментирате мерките што Македонската влада ги имплементира во овој контекст, од друга страна, како и напорите што про-западната машинерија ги правеше со цел стопирање на одлуката за заштита на нашата граница со Грција со ограда,  со цел спречување на нелегалните влегувања?

 

 

  • Најпрвин да го освежиме помнењето на публиката со мојата анализа за бегалската криза. Таа е спореден производ од војните за кои што САД помогна да се произведат низ Блискиот Исток, со користење на т.н. “Арапска пролет” која што беше вовед во театарското широко сценарио за менување на режими. Храбриот и патриотски отпор на Сирискиот народ во борбата против терористите што трае повеќе од пет години, беше голема пречка во плановите на САД за задржување на својата униполарна хегемонија во регионот. Поради сознанието дека еден од очекуваните опипливи резултати од оваа војна во Сирија ќе биде масовното зголемување на бегалците, САД пристапија кон трансформирање на овој човечки прилив во свое оружје, со цел постигнување на една од другите големи цели што ја имаат, а тоа е да ја продлабочат својата контрола врз ЕУ.

 

Ниту погоре кажното не претставува теорија на заговор и во таа насока на вашата публика топло и препорачувам да го прочита трудот на Kelly M. Greenhill од Cornell University за оружјата на масовната миграција “Weapons of Mass Migration: Forced Displacement as an Instrument of Coercion” (PDF download овде).

Начинот на кој што ова е поврзано со сегашната ситуација е фактот што Турција имаше изградено објекти за прифаќање на бегалци уште пред и воопшто да почне војната во Сирија, очигледно очекувајќи прилив во иднина. По инкубацијата на околу 2 милиони бегалци кои што влегоа во земјата во текот на изминатите неколку години, Турција во координација со САД, “ги ослободи” од камповите каде што нивното движење беше ограничено и преку користењето на мрежите за трговија со дрога и луѓе во кои што се влучени и разузнавачки служби, како и преку албанската мафија на Балканот, тие беа донесени во Европа. Целта беше да се создадат социо-политички околности при кои што некогаш мирните и стабилни општества на ЕУ со главно етно-религиозна хомогеност на својата демографија, ќе бидат преполнети до таа мера со неочекувани приливи на цивилизациски разлчични лица, за да останат во состојба на тензија и лесна за манипулации поделба во блиска иднина. Очегледно, против ваквата состојба ќе се појави гласно негодување, како од страна на прагматичните патриоти, така и од страна на крвничките фашистички провокатори, што ќе предизвика поделба на оштеството долж три слоја: граѓани против граѓани, граѓани против влада и граѓани против бегалци. Ова се речиси совршени, “лабораториски” услови за спроведување на заканите за Обоена револуција против таргетирана влада, со оглед на тоа што искусни надворешни фактори, како што се американските разузнавачки агенции межат лесно да ја искористат ситуацијата и да поттикнат неконтролирани нереди и гарантирано насилство.

Целта поради која што се постигнува ваков силен степен на контрола врз ЕУ по пат на овој макијавелистички механизам, е да се држи Унијата и нејзините најсилни членки во бесконечна состојба на слабост и тензија, со што Вашингтон ќе ја добие превласта да уценува преку провокацијата на дестаблизирачко насилство, доколку неговите подредени од Европа не ги поддржат хегемонисистички политики, а наместо тоа да го завртат грбот на САД и прагматично да соработуваат со Русија и Кина.

Ако погледнеме на она што Република Македонија и нејзиното водство избраа да го сторат, тоа е целосна спротивност на она што ЕУ го направи. Премиерот Груевски и националниот совет за безбедност навремено заклучија дека нивната земја се наоѓа буквално во првите редови на американската неконвенционална кампања против ЕУ и дека е потребно итно преземање на решителни акции. Согласно своите меѓународни обврски, Македонија дозволува легитимните бегалци кои што бегаат од воените подрачја од Сирија, Ирак и Авганистан да минуваат низ нејзина територија за да стигнат до следната дестинација, а добредојдени се и оние што сакаат да се интегрираат и асимилираат во македонското општество, иако повеќето од нив не се заинтересирани за ова и се нетрпеливи да стигнат во “благосостојбата на утопиите” на Германија и Шведска.

Македонија немаше да мора да го презима чекорот со градење на ограда на границата за да го брани својот суверенитет и за ефикасно да ги процесуира десетиците илјадици бегалци и економски мигранти кои што влегуваат во земјата, доколку Грција го исполнеше својот дел од обврските и помогнеше во запирањето на овој проток. Ова апсолутно не се случи и Атина ги избегна своите меѓународни обврски во справувањето со ситуацијата, од различни причини. Ова делумно се должи на преголемите размери на состојбата и на фактот што владата нема економски ресурси да се справи со неа, но од друга страна, марксистичките идеали на Сириза и антипатијата што некои грчки власти ја чувствуваат кон Македонија и нејзиниот независен и горд идентитет, без сомнение имаат свој удел.

Не постои друг начин да се објасни зошто грчката влада ги насочуваше бегалците и економските мигранти само кон македонската граница, кога исто толку лесно, па дури и полесно, можеа да ги транспортираат кон албанската или бугарската. САД очигледно имаат интерес да видат како овој бран на човечка несреќа удара на Балканот и при тоа ја дебалансира секоја транзитна држава низ која што минува, но ова не ги објаснува широките маси на луѓе што грчките власти и граѓанското општество константно ги сместуваат на македонската јужна порта.

Она што Република Македонија и нејзиното водство решија да го сторат е храбро да им пркосат на САД и нивните марксистички сателити во ЕУ, при тоа цврсто застанувајќи зад националниот суверенитет, што во продолжение претставува и поддршка за безбедноста и независноста на остатокот од Европа. Токму поради овие причини, мрежата на Сорос заедно со богатата мрежа на марксисти-сојузници со САД и лицата кои што се против границите и суверенитетот, во моментов ја мразат Македонија толку многу, дури и повеќе од порано.

 

  1. Агресивните акции на западните валкани играчи во обидите да ја задржат доминацијата во униполарен свет, наспроти мултиполарниот пристап понуден од БРИКС земјите како Русија и Кина, е конфликт кој што ќе продолжи и во новата година. Што ќе се случува во овој контекст со регионот околу Македонија во 2016 та, особено во однос на двата плана на БРИКС за Балканскиот ( Турски ) тек и за Балканскиот пат на свилата ?

 

-Да почнеме со она што се планира за Балканот, пред да кажам повеќе и за Балакнскиот тек и за Балканскиот пат на свилата. Горе, на север, САД провоцираат хрватско-српска ракетна трка со цел да ги зголемат тензиите и да ја притиснат Србија, како и да креираат изговор за продлабочување на американското и НАТО присуство во регионот.

Движејќи се понатаму, Косово како српска провинција окупирана од НАТО, е целосен хаос и пропадната држава според сите критериуми. Тоа е база на албанската мафија за трговија со дрога и луѓе и илјадници незадоволни луѓе годишно го напуштаат Косово, бегајќи кон централна и западна Европа со цел да побегнат од социјалното уништување. ИСИС и вахабизмот таму се силно раширени и постои реален страв дека целосно нефункционалниот ентитет Косово може да прерасне во европската база за џихадистите, најверојатно со целосна поддршка на американските инструктори од кампот Бондстил (тоа се истите сили кои што ги советуваат терористите од Куманово).

На западната страна на Македонија, Албанија е склона кон доживување на повеќе политички немири, ако Владата не најде начин за соодветно справување со проблемите, иако се чини дека ниту сакаат, ниту пак имаат способност да го сторат тоа. Многу е веројатно дека зголемувањето на албанската емиграција и постојаното присигнување на Албанци од Косово, ќе придонесе за натамошни политички протести како оние што ја шокираа Тирана во декември, предизвикувајќи паника кај властите која што води кон нивниот импулс да реагираат во насока на промоција на дивјачкиот мит за Голема Албанија. Ако вознемирените маси паднат на овој трик, исто како и за време на кризата во 1997 ма, тогаш може да се предвиди дека Македонија несомнено ќе биде жртва на овој вирус, исто како што беше Србија кон крајот на минатиот век.

Гледајќи на исток, Бугарија останува олигархиска држава со влада која што едвај функционира. Бугарија за жал е една сенка од она што порано беше и претставува типична вазална држава, која што САД би сакале да ја реплицираатнасекаде низ светот.

Грција, за жал е во нешто слична состојба, само што олигархијата што таму оперира е најмногу базирана во странство. Културно-марксистичката коалиција што ја води земјата е нешто повеќе видлива во граѓанските работи, но не покажува интерес да го брани суверенитетот на земјата од бегалците и од економските мигранти кои што САД ги пушти против нив. Всушност, се чини дека Грција цели кон олеснување на сиот овој процес, ако се земат предвид нивните радикални идеолошки принципи и тоа колку активно ги водат овие лица кон македонска граница.

Поместувајќи го фокусот кон регионалните мултиполарни процеси што се случуваат, би сакал да го насочам вниманието на читателите на мојот напис од ноември, каде што зборувам за состојбата со Балкански тек и Балканскиот пат на свилата (достапно овде).  Да заклучиме, Балкански тек е суспендиран на неопределно време, поради турската агресија врз Русија со соборувањето на еден од анти-терористичките авиони во Сирија, но во случај Ердоган да си замине од власта, колку тоа и да изгледа неверојатно во моментов, проектот веднаш ќе биде продолжен. Сепак, на краток рок, работите во однос на одржливоста на овој проект не изгледаат добро, па затоа да се задржиме повеќе на Балканскиот пат на свилата.

Доколку читателите не се запознаени, овој проект е план на Кина да изгради високо-брзинска железница од Будимпешта до грчкото пристанишре Пиреја, виа Белград и Скопје. Кога и ако биде завршено, ова ќе им даде на балканските земји економска алтернатива поинаква од ЕУ, со што ќе се зашити нивниот суверенитет и ќе се овозможи транзитната рута на силно милтиполарно влијание кон срцето на Европа. Според ова, САД се плашат дека би можеле да го изгубат своето влијание врз континентот и затоа сакаат овој проект да не се оствари, што може да се случи доколку Република Македонија биде втурната во хаос на Хибридна војна.

Балканскиот пат на свилата е многу поголем повод за дестаблизаторските дизајни на САД, отколку што тоа сега е суспендираниот Балкански тек. И покрај ова, Русија не се откажува од ангажирање во регионот и иако енергијата играше голема улога во нејзините планови, тоа не е и единствната одредница. Руските инвестиции и димпломатско-стратешки ангажмани продолжуваат, а и плановите на Кина се поврзани и со добра волја, во насока на тоа Москва да помогне регионот да одржува врски со Пекинг. Со тоа што цивилизациски Русија е повеќе слична со балканските земји отколку Кина, таа во моментов претставува и нејзиниот број еден стратешки партнер. Рака под рака, Русија и Кина работат да го ослободат Балканот од униполарното влијание, но актуелната динамика се менува, па сега Кина ја игра водечката инфраструктурна улога, додека Русија се движи во насоката со помалку публицитет, но со голема важност бидејќи обезбедува поддршка за овие амбициозни и глобано влијателни потфати.

  1. Сирискиот претседател Башар ал Асад го опиша рускиот колега Владимир Путин како единствениот бранител на кој што Христијанската цивилизација може да се потпре. Новиот светски поредок ќе продолжи со систематските обиди да ги ослабе, деморализира и уништи Христијанските земји. Во која насока може да очекуваме овие напади да се одвиваат во престојнава година ?

 

  • Дефинитивно постои усогласена кампања за напад врз Христијанството, но не само тоа, туку и напад на сите глобални религии воопшто, вклучувајќи го и конвенционалниот Ислам. Како што кажав и претходно, Културниот Марксизам е голема работа на Запад, особено во ЕУ и во рамките на демократската партија на САД. Тоа е една од идеологиите на елитата, не е единствена, но е една од главните концепти што ги користат за унапредување на нивните агенди. Постојат такви кои што навистина веруваат во тоа, како Ангела Меркел и Барак Обама ( секој на различен начин ), но има и такви кои што цинично ја разбираат неговата вредност во стратешка смисла, претставена преку длабоката државна тријада на потојаната одбранбена, разузнавачка и дипломатска бирократија во Вашингтон.

 

Културниот Марксизам има двонасочна политика, со која што успеава и онаму каде што нема да успее. Ако е во можност да ги постигне посакуваните цели, тогаш ќе ги отстрани социо-културните атрибути кои што некогаш биле извор на уникатност и гордост и ќе ги замени со незабележлива маса на луѓе која што многу лесно се контролира. Ова е поврзано со војната против религиите што се одигрува насекаде низ светот во моментов и ослободувањето од воспоставените традиционални религиски идентитети е дел од оваа стратегија. Како геополитички наследник на Британската империја, САД е мајстор за “подели па владеј” стратегии и стратешкото промовирање на агендата на Културен Марксизам во одредени таргетирани држави, може да ги донесе планираните резултати за фрактура на едно општество и негово завртување против самото себе за олеснување на надворешната манипулација.

Во однос на војната против религиите, еден од нејзините субјекти, војната против Христијанството, се води против верниците во Европа преку културно-марксистичката владеачка клика, а на средниот Исток преку ИСИС и останатите вахабистички терористи, но нешто слично се случува и против конвенционалниот Ислам, кој што го практикува големо мнозинство од Муслиманите.

Војната против религиите ќе се интензивира на сите фронтови. Против Христијанството, против Исламот и во односот на славниот “судир на цивилизациите” меѓу нив и меѓу останатите, нешто што американските стратези очајно се обидуваат да го почнат. Вахабистите и Исламистите од Муслиманското братство кои што се инфилтрираа во Европа под превезот на “бегалци” ќе продолжат со сексуалниот тероризам, а ќе се вклучат и во повеќе стереотипни терористички акти како самоубиствени бомбашки напади, пукање со огнено оружје и обезглавување. Тие ќе продолжат да ги прават овие акти на насилство и заплашување против Христијаните на Блискиот Исток и во Африка, а може дури и да очекуваме скок на нападите и во Будистичките и Хинду региони во Азија, исто така. Овие исти индивидуалци симултано ќе го нагризуваат конвенционалениот Ислам и ќе продолжат и со “Муслиманската граѓанска војна” што САД ја креираше меѓу заблудените радикали и конвенционалните и секуларни следбеници на верата, како што е мнозинството од луѓето во Сирија. Вахабистите и Исламистите од Муслиманското братсво сакаат да го дискредитираат конвенционалниот Ислам, да го радикализираат или да го уништат и тоа е дел од причината зошто се борат во Сирија против историски најтолерантната цивилизациска манифестација на Исламот.

Според сево ова, иднината не изгледа премногу сјајна кога зборуваме за војната против религиите или геополитиката на Балканот, но секој индивидуалец може да го стори својот дел преку разбирање на вистинската природа на она што се случува и преку едукација на своето семејство, пријатели и соработници. Американската моќ е заоснована на манипулирање со информациите и извлекување на критични елементи од масите влагодарение на тоа, но ако се обединиме заедно во споделувањето на вистината, тогаш може да креираме по ефикасни мрежи на отпор и да избегнеме да бидеме заведени од американските стапици. Ако ова што го кажав во интервјуто го сметате за информтивно и интересно, па дури и да не се согласувате целосно со целата негова содржина, топло сте добредојдени да го споделите со луѓето што ги познавате, со цел да дојдат во допир со неконвенционално и анти-мејнстрим сфаќање на повеќето проблеми кои што го притискаат светот денес.

 

 

Најчитани вести