Корибко: ВМРО и Груевски се тргнати кон историска победа

Македонија два пати ги порази заговорниците од Вашингтон и архитектот на обоените револуции Сорос, а сега се упатени и кон нов, трет пораз, во пресрет на предвремените парламентарни избори во земјата. Јасно е дека народот на ВМРО-ДПМНЕ ќе му предаде убедлива победа, но за таа цел да биде остварена, граѓаните треба масовно да излезат на гласање, вели рускиот новинар и аналитичар Андреј Корибко.

Во разговор со дописникот на Нетпрес од Атина, Корибко вели дека Македонците препознаа дека целта на оваа странска операција за менување на власта не е само лидерот Никола Груевски лично, туку дека таа ги таргетира сите Македонци, преку агендата за менување на уставното име, федерализација и распарчување на македонската државност.

*На помалку од еден месец пред предвремените парламентарни избори во Македонија, анкетите укажуваат на јасна победа на владејачката ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски. Ова од друга страна претставува огромен неуспех за западните елементи и нивната невладина и медиумска машинерија кои што во изминатите две години, заедно со опозициската СДСМ на чело со Зоран Заев, се обидуваа да ја урнат демократски избраната македонска Влада, користејќи притоа методи како обоени револуции, јавно објавување на нелегално прислушувани разговори, насилни опозициски протести , терористички напади, формирање на т.н „специјално” обвинителство, фабрикување лажни скандали за наводни фантомски гласачи и лажни лични карти итн. Што може да очекуваме да се случува во Македонија во пресрет и по изборите на 11 декември? 

Јасно е дека на ВМРО ќе му биде предадена убедлива победа од страна на народот, но сепак, гласачите мора да отидат на гласање за ова да биде најголемиот успех што може да се постигне и Груевски да добие несомнен мандат, кој што му е потребен за да ја води земјата во пост кризниот период. Сите испитувања на јавното мислење укажуваат дека ова и ќе се случи, но граѓаните не смеат да станат апатични и да претпостават дека ова ќе биде постигнато со леснотија затоа што се претпоставува дека сите останати ќе излезат да гласаат, па наместо тоа да решат да останат дома. Секој мора да излезе на гласање и со овие избори да ги круниса достигнувањата на патриотското движење против обоената револуција. Ако ВМРО може да обезбеди огромно мнозинство од гласовите, тогаш и остатокот од светот ќе види еднаш засекогаш дека народот го кажа своето и демократски ја изрази својата поддршка за легитимната владата, но и својот отпор кон обоената револуција оркестрирана од Западот.

Во пресрет на изборите, имаше јасни знаци дека СДСМ прави напори да ја обедини опозицијата во еден цврст блок, но ова не успеа бидејќи никој всушност и не му верува на Заев. Ако еден човек може да ја продаде целата земја со тоа што ќе стане марионета на западна операција за промена на власта, тогаш тој сигурно ќе продаде и било кој од своите „политички сојузници”, ако му се даде соодветна можност за тоа. Членовите на опозицијата што се со попатриотски убедувања го сфатија ова и не сакаат да го загадат својот политички бренд, па затоа овој напор досега заврши со неуспех. Слично без успех заврши и бесрамното додворување на Заев кон албанските гласачи. Оваа демографија е свесна дека ја експлоатираат и додека на некои ова им ласка, многу од нив не сакаат да бидат дел од овие меѓународни политички игри и знаат дека ова не е во нивен најдобар интерес.

Не постои причина за сомнеж дека ВМРО и Груевски се упатени кон историска победа на овие избори. Ако ова мине како што е очекувано, тогаш Македонците може да се надеваат на една нова ера на стабилност и просперитет, со тоа што нивната земја ќе работи подеднакво и со Западот и со Истокот ( Русија, Кина, БРИКС) со цел да ја максимизира својата гео-стратешка позиција како главна инфраструктурана порта кон Европа. Русија продолжува со гасоводот Балкански тек, додека Кина прави напредок со високо брзинската железница Балкански пат на свилата, кој што евентуално ќе ги поврзува Будимпешта со Пиреја. Западните инвестиции, иако веројатно беа погодени до одредена мера од вештачки креираната политичка криза, не ја напуштија земјата како што тоа ќе го стореа во многу други случаи. Бизнисмените разбираат дека Македонија се развива и е атрактивно место за стартување на бизнис поради своето незаменлива копнена локација на цивилизацискиот крстопат на Афро-Евроазија.

Сево ова е навистина можно, доколку САД се повлечат од неодамнешната историја за дестабилизација на Република Македонија. Вашингтон и неговите заговорници веќе беа победени два пати, тоа е нешто што ниту една држава не успеала до сега да го стори, а сега се упатени и кон трет пораз за време на декемвриските избори. Однесувањето на САД во овој период ќе зависи од тоа како нивната „длабока држава” (постојаната воена, разузнавачка и дипломатска бирократија ) ќе решат да одговорат. Со ослободувањето на патот од администрацијата на Обама за ново избраниот претседател Трамп, САД минува низ најтрансформативната фаза на промена на власта што било кога се случила во историјата, па останува да се види дали субјективно определената пресметка на трошоци и придобивки на „длабоката држава” ќе продолжи да се насочува кон асиметрична дестабилизација.

Логично е да се заклучи дека нема да продолжи. Почнувањето на уште еден бран на пропаднати обоени револуции бил било загуба на време, пари и средства, па Трамп едноставно може да реши да го сопре штом ќе стапи на функција. Од друга страна, Обама и поддржувачите на неговата неоконзервативна „длабока држава” може да бидат доволно заговорнички и одмазднички настроени и да сакаат да го саботираат претстојното претседателство на Трамп со тоа што ќе го натераат да го преземе наследството на конфликт. Дури и ако ова се случи, тоа не значи и дека ќе заврши со успех, бидејќи на сите набљудувачи им е јасно дека македонскиот народ постојано потврдува дека сите странски измислени заговори против нивната државност се предодредени да пропаднат. Поради ова, САД најверојатно нема да продолжат со овој пропаднат план и понатаму и ќе се обидат да си го спасат образот признавајќи ја победата на ВМРО и Груевски, надевајќи се дека ова ќе им овозможи да придобијат назад дел од добрата волја која што непотребно ја потрошија низ годините.

*Гледано од оваа перспектива и дефинитивно може да се заклучи дека крилото финансирано од западот во Македонија, заедно со нивните газди, претрпеа голем пораз. Кои се главните фактори што според вас и помогнаа на Македонија да се избори со оваа криза спонзорирана од странство, што може да се искористи и како пример за други земји кои што се или ќе се борат со вакви странски сценарија за дестабилизација? 

Македонците беа во можност да го издржат и да се одбранат од овој американски притисок со хибридна војна, затоа што ја усовршија уметноста на она што јас го нарекувам круг на отпорот, што е иновација насочена против обоената револуција и која што апсолутно мора да се примени во сите земји што се соочуваат со оваа форма на агресија. Ова е една илустрација на концептот и сега ќе објаснам што секој дел од неа значи во пракса.

Медиуми

Дури и пред да почне хибридната војна, Македонците веќе беа едуцирани и свесни, а ова може да се препише на распространетоста на патриотските медиуми во земјата, како мејнстрим така и алтернативните. Тие ја држеа јавноста информирана за различните американски механизми за менување на власта низ светот, уште пред Вашингтон да тргне во виктимизација на вашата татковина. Откако почна дестабилизацијата, медиумите го држеа народот во тек за тоа што навистина се случува и поголемите причини зад сето тоа, што имаше за резултат нагласување на и така силното чувство за патриотизам што повеќето Македонци го чувствуваат.

Патриотизам

andrej-koribko-zaev-podelba-na-makedonijaМакедонските патриоти ја формираат основата на движењето против обоената револуција. Тие беа инспирирани од медиумите и она што видоа дека се случува околу нив, па ја пренесоа сериозноста на заговорот за промена на власта и на остатокот од сограѓаните. Тие знаеја дека ова не беше само операција која што го таргетира лично Груевски, туку дека станува збор за шема со многу поголем досег која што ќе влијае на сите Македонци, преку своите цели за менување на уставно име, „федерализација”(внатрешно расцепување) на државата и со ова да се напредува кон опасното и предавничко сценарио што може да резултира со распарчување на со мака извојуваната македонска државност.

Организација

Патриотите користеа обратна технологија од обоената револуција, применувајќи некои традиционални модели на масовно организирање на толпите, преку вештото користење на социјалните медиуми и сојузничките невладини организации. Ова резултираше со масовни демонстрации за поддршка на владата и кулминираше најспектакуларно со демонстрациите во мај 2015, кој што уверено и зададоа смртоносен удар на првата пропадната обоена револуција. Надворешната манифестација на патриотизмот на Македонците и нивната поддршка за демократски избраната и легитимна влада прати моќна нормативна порака низ целиот свет, особено затоа што се случи непосредно по значително помалиот собир на Заев.

Меѓународно поврзување

Македонските патриоти се поврзаа со странски пријатели и новинари за да ја шират вистината за промената на власта што се случуваше во вашата земја, особено ослонувајќи се на влијателната моќ на руските масовни медиуми, експерти и тинк- танкови за да го усовршат својот отпор. Ова резултираше и со огромно медиумско покривање на настаните и од страна на алтернативни медиуми и изврши притисок врз заговорниците, обелоденувајќи ги нивните врски со САД и со Сорос, со што се дискредитираше лажната приказна дека ова е спонтано демократско востание, откривајќи дека всушност станува збор за западна обоена револуција. Истовремено, мултиполарното медиумско покривање и истражувањата на нередите, беа пренесени преку македонските патриотски мејнстрим и алтернативни медиуми за домашната јавност, што дополнително го распалија патриотизмот и охрабрија повеќе демонстрации контра обоената револуција и нивните активности.

*Навистина беше интересно да се гледа шокот на петтата колона во Македонија по победата на Доналд Трамп на изборите во САД, што беше многу слично со нивната реакција на БРЕГЗИТОТ. Зошто толкав очај меѓу западните платеници во Македонија и што победата на Трамп значи за кризите спонзорирани од западот и обоени револуции и на било кое друго место во светот? 

Причината зошто се току вознемирени е затоа што разбираат дека изборот на Трамп е предвесник во морето на промени во американската политика во некои вектори, особено во однос на Сорос и обоените револуции. Кампањата на тимот на Трамп и алтернативните медиумски сурогати како Breitbart имаа поента кога ја нагласуваа вознемирувачката улога што Сорос ја игра во САД, како фрлањето светло на неговата поддршка за Клинтон, финансирањето на урбани екстремистички групи познати како “Black Lives Matter”, па дури и индиректното поврзување со некои компании за електронско гласање. Всушност, еден од најмалку дискутираните, но најважни аспекти на изборот на Трамп е како тоа ќе влијае врз Сорос и неговата светски распространета мрежа, сега кога главниот непријател на милијардерот и финансиер на обоените револуции ќе седне во овалната канцеларија. Трамп и неговата база се антипатични кон Сорос на секој можен начин, а овие денови дури и повеќе поради улогата на оваа мрачна фигура во организирањето на протестите низ цела држава против избраниот претседател. Отворено кажано, Сорос му објави војна на Трамп и претседателот што доаѓа се очекува да возвраќа на сите начини за да го задржи своето претседателство безбедно.

Многу може да се каже за динамиката на оваа борба и широко распространетото влијание што Сорос го командира меѓу естаблишментот и „академијата“, поп културата, медиумите и социјалните елити, но за да се објасни сето ова треба многу повеќе време и поширок опсег од она што е на располагање во моментов. Како сево ова се поврзува со Балканот и конкретно со Македонија, е навистина едноставно за објаснување. Сорос, преокупиран со борбата против Трамп, веројатно е дека ќе насочи многу помалку време и енергија кон неговите традиционални бази за прегазување, особено со оглед на тоа дека тој веќе два пати не успеа во обидот да ја урне Македонската влада. Понатаму, Сорос нема да ја има скриената поддршка од претстојната администрација за надворешна политика на Трамп, за да го поддржува. Запаметете, Трамп го презира Сорос, а чувството е взаемно. Нема да соработуваат на ниту една голема шема заедно, или барем не веднаш, но овде можните сценарија стануваат интересни. Трамп и Сорос сакат да се уништат еден со друг, но исто така можно е да постигнат и примирје и да ги стават своите взаемни разлики на страна и да се фокусираат на областите од „заеднички интерес”.

Ова во пракса значи дека нео-конзервативните елементи на американската „длабока држава” ( постојаните воени, разузнавачки и дипломатски бирократии) можеби ќе бидат во можност да влијаат врз Трамп и неговиот тим до таа мера да почнат да ја ценат тајната надворешно политичка алатка на светски распространетата соросова мрежа. Ако ова се случи, и под услов Сорос да се повлече за време на немилосрдниот прогон по него од страна на администрацијата на Трамп, тогаш е можно претседателот да постигне договор со архитектот на обоените револуции и при тоа Сорос ќе престане или ќе намали со нападите против Трамп, во замена за тоа новата американска влада повторно да може да ги користи неговите глобални услуги за менување на влади. Од друга страна, исто така е можно Трамп да го порази Сорос и да му ја преземе организацијата, инвестирајќи време и ресурси за да ја трансформира од крајно левичарска / хипер либерална кон нешто што повеќе се поклопува со глобалниот конзервативен и десно насочен дух, со цел да ја направи по атрактивна и операциски ефикасна за ова доба. Се уште е рано да се каже на кој начин работите може да се одвиваат, но ова се логични идеи што произлегуваат од моменталната состојба на работите.

Сево ова го споменав за да го нагласам реалниот дух меѓу Сорос и неговите американски владини олеснувачи и криминалци по оружје. Администрацијата на Трамп ќе биде правата во чии што рамки САД нема слепо да го поддржуваат Сорос во сите негови поведенија и е иронично една од целите на главниот „мозок” во овој период. Овој асиметричен конфликт не може, а да не се вмеша во останатите соросови операции насекаде низ светот, што, да одговорам на вашето прашање од почетокот, е причината зошто петтата колона е толку вознемирена од победата на Тамп. Тие исто така знаат и дека „политички некоректниот” новоизбран претседател не ги поддржува нивните диви пост модерни „либерални” гледишта како нападите на конзервативните општества преку користењето на хомосексуалноста како оружје и дестабилизацијата на со векови старите вредносни системи. Навистина е можно Трамп да биде убеден од ЦИА и некои други чинители на „длабоката држава” да го толерира благото продолжување на оваа кампања во некои гео-стратегиски земји, но гледајќи како сево ова спектакуларно пропадна во Македонија, оваа балканска земја веројатно нема да биде негов топ приоритет како што беше за Обама.

*Грчки дипломатски извори ги брифираа грчките медиуми дека имплементацијата на гасоводот Балкански (турски )тек сега се движи и побрзо од предвиденото, а проекциите се дека конструкцијата ќе почне оваа година и ќе заврши во 2019 та. Некои информации пак велат дека Газпром и Европската Комисија се приближуваат кон договор. Што велат вашите информации?

Немам ексклузивни информации за овој проект, но моите анализи за неговиот напредок велат дека работите се движат навистина добро по промената на околностите во руско-турскиот пристап од ова лето, што за потсетување, беше и причината зошто САД побрза невешто да го организира пропаднатиот пуч против претседателот Ердоган. За деталите од ова повеќе кажав и во мојот напис „Reassessing The Reasons For The Failed Turkish Coup Attempt“ што може да биде интересен за читателите доколку имаат време и желба да го прочитаат. Го споменувам пропаднатиот пуч во Турција затоа што беше осмислен со мотив за повлекување на стратегиските придобивки што Русија и Турција беа на пат да ги направат, а еден од нив очигледно е и Балкански тек.

Сега кога Анкара е повторно согласна со рускиот мега-проект, единствениот актер што треба да се усогласи е Европската Унија, која што ирелевантно на својата политичка реторика диктирана од САД, очајно има потреба од обезбедување на сигурни енергетски извори во иднина и повеќе од веројатно е дека ќе постигне некаков договор со Русија некаде во периодот кога првиот дел од гасоводот ќе биде комплетиран. Анти-рускиот режим на санкции почна да напукнува изминатата година и многу источно европски земји сакаат да ги олеснат рестрикциите и да работат со своите руски партнери на креативни начини од кои што придобивки ќе имаат двете страни. Порано или подоцна, Европската Унија веројатно ќе се препушти на својата природна желба да ги обнови односите со Русија и да склучи договор за Балкански тек. Голема пречка за ова сепак ќе остане третиот енергетски пакет, кој што Бугарија го користеше како свој изговор пред две години кога патетично се преправаше дека едноставно „ќе го следи законот“ и дека не е под никаков американски притисок да го опструира Јужен тек.

Ова тоталитарно легислативно парче вели дека на една компанија не и е дозволено истовремено да ги поседува и гасоводот и гасот што ќе минува низ него. Газпром тврдеше дека овој закон стапи на сила дури откако беа завршени преговорите за проектот и затоа тој треба да биде изземен од неговите рестрикции, но Европската Унија не го прифати ова и велеше дека руската компанија мора да игра по нејзините правила. Со оглед на тоа што Бугарија требаше да биде терминална точна за проектот и првата ЕУ земја низ која што Јужен тек требаше да минува, ја презеде водечката улога во стопирање на гасоводот и со ова жртвуваше милијарди долари од транзитни приходи. Истиот проблем може очекувано да се појави и во Грција, но мислам дека Русија има подготвено голем број на решенија за справување со ова.

Она кон кое што сега треба да гледаме е бизнис дипломатијата која што неизбежно ќе почне во одреден иден момент и ова треба да го набљудуваме најдобро што можеме за да добиеме појасна слика за техничко-административните аспекти на Балкански тек. Газпром очигледно ќе гледа да влезе во договори со своите партнери со цел да го заобиколи Третиот енергетски пакет, но познавајќи го рускиот гигант, тоа најверојатно ќе се спроведе во тајност со цел да не се откриваат деталите , па затоа и навистина може да биде тешко да се открие што навистина се случува. Навистина немам претстава за роковите на овие преговори, но може да се каже дека оние со Грција дефинитивно ќе бидат завршени до времето додека да биде завршена и првата гасоводна цевка со Турција, а во истиот период можно е и Русија веќе да ги има поредено договорите со Македонија, Србија и Унгарија со цел да се придвижи што е можно побрзо од точката на назадување во споредба со логичната експанзија на Балканскиот тек, а тоа е кинескиот проект за високо брзинска железница Балкански пат на свилата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.