Корисници од Бутел, Шуто Оризари и Бардовци утре без струја

Дел од корисниците од улиците „Јуриј Розентал“, „Иљо Војвода“, „Мелничка“, „Виничка“, „Гвадалахара“, „Нов Живот“, „Вашингтонска“, „Бутелски Венец“ и „Че Ге Вара“ во општина Шуто Оризари утре од 8:30 до 12:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат и корисниците од улиците „Бутелска“ кај каналот, „Призренска“ и „Бел Камен“, од 9:30 до 11 часот, дел од улицата „Хо Ши Мин“ во општина Бутел, а од 12 до 15 часот дел од корисниците од подулиците број „10“, „14“ и „16“ во село Бардовци.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето закажани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.