Корисниците на Facebook ќе добијат поголема слобода над приватните податоци

Наголемата светска социјална мрежа Facebook ќе им даде поголема контрола на корисниците над нивната приватност со тоа што ќе го олесни управувањето со информациите и ќе го редизијанира интерфејсот со поставките, објавија од мрежата во средата како дел од одговорот на жестоките критики околу користењето на личните податоците за корисниците во политички кампањи.

Компанијата открива дека во следните седмици ќе ги измени условите за користење и правилата за податоци, за подобро да се разјасни кои информации ги собира и како ги користи.

Facebook е под постојани критики откако соосновачот на компанијата Cambridge Analytica, која е занимава со обработка на податоци за таргет групи, му откри на прикриен новинар дека информации за околу 50 милиони корисници на мрежата преземени без нивна согласност и потоа користење во кампањите на американските и британските избори.

Акциите на Facebook од 16-ти март паднаа за речиси 18 отсто, одноно за околу 100 милијарди долари. Тој ден мрежата призна дека податоците на корисниците дошле во рацете на Cambridge Analytica.

„Гласно и јавно слушнавме дека поставките за приватност и други важни алатки тешко може да се пронајдат и дека мораме да сториме повеќе за луѓето да бидат информирани“, соопштија Ерин Иган, директорка на Facebook за приватност, и нејзината советничка Ешли Беринџер.

Покрај тоа што ќе ги редизајнира поставките на мобилните уреди, Facebook ќе создат и нова кратенка со којашто корисниците ќе можат подобро да го заштитат своите профили и да го контролораат приватните информации. Со нив ќе се овозможи кориниците да ги прегледуваат и бришат податоци коишто ги споделувале, вклучително и објавите и записите во пребарувачите.

Корисниците ќе можат и да симнат податоци коишто ги споделиле со Facebook, вклучително и фотограии, контакти и објави.