Корисниците на интернет се сметаат за попаметни

Луѓето кои што секојдневно сурфаат на интернет себеси се гледаат како попаметни во однос на лицата кои ретко или воопшто не ја користат модерната технологија, покажало истражувањето спроведено од универзитот „Јејл“.

Секојдневното користење на интернет и присуството на  многу информации создаваат многу неточни мисли кај луѓето за нивото на нивното сопствено знаење. Тоа води кон поголема самоувереност при донесување на одлуките, сметаат научниците.

Истражувањето покажало уште и дека корисниците се чувствуваат попаметно дури и во ситуација кога нема да откријат конкретен одговор на прашањето барано од нив.

Причината за тоа е дека гледаат многу слични информации кои ги тераат да мислат дека се запознаени со дополнителни теми.

Сепак, заклучокот од истражувањето е дека корисниците на интернет имаат тенденција полесно да ги забораваат информациите.