Корисниците на Самсунг во паника, телефоните сами испраќаат фотографии

Паника се шири помеѓу корисниците на Самсунг откако еден од нив на Реддит напишал дека неговиот мобилен телефон, ги испратил сите фотографии на број од именикот на телефонот.За среќа, тоа бил бројот на неговата девојка, пишува Tech Crunch.

Освен фотографии, моделите Самсунг Галакси С9 и Галакси Ноте 8 во текот на ноќта испраќале и закажани пораки на случајни броеви, а потоа не биле спремени во боксот за испратени пораки. Повеќето корисници кои се жалеле на овој проблем имале сметка кај T Мобиле па зотоа се јавило сомневање дека е нивна вина. Исто така, повеќето од нив неодамна ја ажурирале апликацијата Самсунг Месиџис преку која испраќаат пораки од овие телефони.

Портпаролот на Самсунг рече дека „се свесни за проблемот и во моментов работат со техничката поддршка за да утврдат што се случило” и ги повика сите оние чии мобилни телефони испратиле фотографии и пораки да им се јават нив директно. Од T Мобиле категорично изјавија дека грешката не е нивна и корисиниците ги упатува на Самсунг.

Од Tech Crunch советуваат да одите на поставките за апликацијата Самсунг месиџис и оневозможете ја опцијата со која ќе му дадете дозвола за пристап до меморијта, а втората опција е порадикална- престанете да ја користите апликацијата додека проблемот не биде решен и да комуницирате преку други апликации.