Корисниците од неколку скопски улици денес без вода

Поради дефект на затварач ф-80 мм на раскрсницата помеѓу улиците „Славка Димкова“ и „52“ денеска прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од споменатите улици од 10:30 часот, известуваат од ЈП Водовод и канализација.

Исто така, од 10. 30 часот поради приклучок ф-80 мм прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од ул.Ташко Караџа и ул.Христо Ботев.