Корисниците од повеќе скопски населби денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД, ги известува граѓаните  дека заради технички зафати во електро-системот денеска без електрична енергија ќе останат:

– од 08:30 – 10:30 часот,  корисниците од  Кванташкиот Пазар во населба Маџари (општина Гази Баба);

– од 08:30 – 14:30 часот,  корисниците од ул. Ферид Заири, ул. Ѓорѓи Томовски и ул. Браќа Реџепагиќ (општина Чаир);

– од 09:30 – 13:30 часот,   корисниците од  ул. Чаирска. (општина Чаир);

– од 09:00 – 15:00 часот,  корисниците од  дел од ул. Тодор Чангов. Поточно подулиците со бр. 4, 5, 7, 9 и 11 во населба Лисиче (општина Аеродром);

– од 10:00 – 12:00 часот,  корисниците од  викендиците во село Бањани (општина Чучер-Сандево);

– од 10:00 – 12:30 часот,  корисниците од ул. Дурмиторска и ул. Фуштанска во населба Ченто (општина Гази Баба);

– од 10:30 – 12:30 часот,  корисниците од ул. Тодор Александров (општина Центар).