Корисниците од повеќе скопски населби утре без струја

Според известувањето добиено од ЕВН Македонија АД, РЦУК информира дека поради технички зафати во мрежата, утре без електрична енергија ќе останат корисниците од повеќе скопски општини и населени места.

– во време од 06.15 до 07.00 часот, корисниците од Макпетрол Илинден, Вичишки, Чеза и Оптима, ДХЛ. Бунар Белви и Хотел Белви, ПетраКом, ФудБазар и Виор. (опш. Илинден);

– во време од 08.30 до 14.30 часот, дел од корисниците од село Љубанци. ( општина Бутел );

– во периодот од 09.00 до 10.00 часот, дел од корисниците од улица 6 и околните улички во село Сарај. ( општина Сарај);

– во време од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од Макпетрол бензинска Илинден, Вичишки, Петроком, и корисниците од кај силосите во Илинден. (општина Илинден);

– во време од 10.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улица Кичевска,(општина Ѓорче Петров) дел од ул. Гарсија Лорка. ( општина Шуто Оризари );

– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од булевар Митрополит Теодосиј Гологанов од број 160 до број 186,  како и корисниците од улица Јуриј Гагарин. (опш. Карпош).