Македонија

Корисниците од повеќе скопски општини и населени места утре без струја

Во текот на утрешниот ден корисниците од повеќе скопски општини ќе останат без  без електрична енергија.

Како што информира РЦУК во текот на утрешниот ден прекин во електричното напојување може да очекуваат:

– во периодот од 08.00 до 15.00 часот, корисниците од село Горна Арнакија. (општина Сарај);

– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, дел од корисниците од бул. Јане Сандански бр.98 и бр.110. (општина Аеродром);

– во периодот од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од улиците Петар Манџуков, Марко Крале и  Хо Ши Мин (општина Бутел);

– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улиците Зелен Гора, Кочанска и Полог (општина Кисела Вода);

– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Чучевска (општина Кисела Вода).