Македонија

Корисниците од повеќе скопски општини утре без струја

Корисниците од повеќе скопски општини утре без струја

Утре без електрична енергија ќе останат корисниците од повеќе скопски населби. Според известувањето добиено од РЦУК, во текот на утрешниот ден струја ќе немаат:

– во периодот од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од улиците Џон Кенеди, Кемал Ататурк и Цветан Димов. ( општина Чаир )

– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците: Мавровска, Кичевска и Рафаело Батино. (општина Ѓорче Петров )

– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Тодор Чангов – краци – 8, 10, 11, 12, 13 и 14. (општина Аеродром )

– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците: Ениџе Вардарска и Востаничка. (општина Кисела Вода )

– во периодот од 10.00 до 13.00 часот, корисиниците од ул. 20 во село Сарај. (општина Сарај )