Корисниците од повеќе скопски улици денеска без вода

Поради поврзување од стара на нова мрежа профил ф-80 милиметри на улица Сараевска бб, без водоснабдување ќе останат корисниците од улиците Сараевска и Јајце од 10:00 часот  па се до поврзување на истата.

Поради дефект на водоводна мрежа профил ф-80 милиметри на улица Тодор Чангов бб, без водоснабдување ќе останат корисниците од краците 21, 23 и 25 од 10:30 часот  па се до санирање на дефектот.

Поради дефект на водоводна мрежа профил ф-80 милиметри на улица Рокомија (ОУ Панајот Гиновски), без водоснабдување ќе остане ОУ Панајот Гиновски од 10:50 часот па се до санирање на дефектот.

Поради дефект на огрлица профил ф-300 милиметри на булевар Борис Трајковски крак 18, без водоснабдување ќе останат корисниците од истоимениот крак и дел од корисниците од истоимениот булевар од 11:00 часот па се до санирање на дефектот.