Корисниците од трговскиот центар Олимпико до Алумина без вода за пиење

Корисниците на потегот од трговскиот центар Олимпико до Алумина денеска ќе останат без вода за пиење од 9,30 часот.

Прекинот е поради дефект на водоводна мрежа профил Ф-300 милиметри на улица Митрополит Теодосиј Гологанов наспроти трговскиот центар Олимпико.