Користете јавен превоз и оставете ги своите автомобили за да се намали загадувањето, апелира Град Скопје

Градот Скопје упати апел до сите жители на градот, како и до сите фирми што делуваат во него, да придонесат кон намалување на загаденоста во воздухот.

Меѓу препораките на градските власти се сите товарни возила кои вршат достава на стока, истата да ја вршат во период од 19 до седум часот.  Градот Скопје заедно со Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје ќе ја зголеми фреквентноста на сите линии по кои сообраќа јавниот превоз. Во исто време, градските власти ги охрабруваат граѓаните да ги остават своите возила и да го користат јавниот превоз, со што според експертите драстично би се намалила концентрацијата на честичките во воздухот.