Корнети со крем од ванила

За да ги подготвите овие корнети потребни ви се:

-500 грама лиснато тесто

-500 мл млеко (крем)

-4 жолчки (крем)

-1 ванилин шеќер (крем)

-200 грама шеќер (крем)

-2 полни лажици брашно (крем)

-1 кесичка пудинг од ванила (крем)

-30 грама путер (маргарин) (крем)

Начин на подготовка:

Лиснатото тесто со сукало малку расукајте го. Ако користите смрзнато лиснато тесто, прво нешто треба да направите е да го оставите околу половина час на собна температура. Тестото не треба да биде ниту премногу меко, ниту претврдо. Ако се лепи можете да го посипете со малку брашно.

Лиснатото исечете го на лентички со ширина од 2 сантиметри. Лентичките свиткајте ги околу металниот калап и печете во загреана рерна на 200 степени околу 12 минути. Кога се готови, извадете го калапот и оставете ги да се оладат.

Во сад за готвење ставете 400 мл млеко да зоврие.

Во друг сад измешајте ги жолчките, шеќерот, ванилинот шеќер, брашното и пудингот од ванила со 100 мл млеко. Оваа смеса префрлете ја во садот со млеко и мешајте на оган се додека не се згусне.

Кога смесата ќе се олади, додадете и 30 путер и повторно добро промешајте.

Со помош на шприц за готвење, наполнете ги корнетите со кремот од ванила. По желба наросете шеќер во прав и послужете ги ладни.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.