Куртоа не се плаши од Баерн (М) и Челзи

Иако за прв пат, по пауза од 17 години, Атлетико (М) обезбеди пласман во 1/4 финалната рунда од Лигата на шампиони, првиот голман на шпанскиот прволигаш, Тибо Куртоа е убеден дека неговиот тим го има потребниот квалитет за да му се спротивстави и на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М).

„Свсесни сме колку е силен тимот на Баерн (М). Знаеме дека не знаат за пораз во германската Бундес лига. Сепак, јас сум убеден дека Атлетико (М) може да му се спротистави и на Баерн (М), дека било кој противник ќе биде надигран на “Винсенте Калдерон”. Се надевам дека ќе избориме и пласман во полуфиналната рунда, но има уште многу натпревари пред нас. Мислам дека нема таква клаузула во мојот договор која не ми дозволува да играм против Челзи. Ако го добиеме за противник Челзи во 1/4 финалната рунда, тогаш фудбалските фанови ќе бидат сведоци на два интересни и неизвесни натпревари,“ изјави репрезентативецот на Белгија.