Корупцијата во Албанија е сериозен проблем

Растечката корупција во сите сектори на власта, особено во судскиот систем е главен проблем со кој се соочува Албанија во областа на човековите права според годишниот извештај на американскиот Стејт департмент за човековите права во светот за 2013 година.

Како сериозен проблем за минатата година се наведува недостигот на реформи во Албанија во однос на борбата против корупцијата, поради фокусираноста на политичките партии на изборите во јуни.

Недостигот на владеење на правото е друг голем проблем за Албанија. Напорите на владата да ги казни државните службеници за извршени прекршоци се ретки. Владини претставници, политичари и судии, како и влијателни бизнисмени, често пати минуваат неказнето, се наведува во годишниот извештај на американскиот Стејт департмент.

Во извештајот, исто така, се наведуваат и сериозни кршења како случаи на домшано насилство и дискриминација на жените.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.