Корупцијата и меѓуетничките односи најголеми предизвици за Русија

Руското општество и земјата мораат заеднички да се борат против меѓуетничните конфликти преку кои што се одразуваат проблемите со кои се соочува Русија, вклучувајќи ја и корупцијата, рекол рускиот претседател, Владимир Путин, во текот на своето годишно обраќање пред рускиот парламент.

Обраќањето се смета за претставување на стратешките цели и задачи во следните години.

Путин изјави дека меѓуетничките судири и напнатоста ги провоцираат „не претставници на некои народи, туку луѓе кои се лишени од било каква култура, кои не ја почитуваат ниту својата ниту туѓата култура“.

Уште еден значаен проблем со кој се соочуваат Русите, а кој провоцира меѓунационални конфликти, рускиот претседател ги потенцирал илегалните мигранти, велејќи дека миграцијата ја уништува берзата на трудот, го зголемува криминалот и нагласи дека мора во таа област да се стави поголем ред.