Свет

Корзика: Откажана улилишна претстава поради песна на арапски

Корзика: Откажана улилишна претстава поради песна на арапски

Јавното обвинителство на Бастија соопшти дека започнало истрага по заканите кои беа упатени кон две учителки, кои сакале нивните ученици на завршната училишна претстава да ја пеат песната „Imagine“ на Џон Ленон на повеќе јазици, меѓу кои и на арапски, јави дописникот на МИА од Париз.

Настанот се случил во едно мало населено место со 3.000 жители во Пунели-ди-Фиуморбу, во кое живее голема заедница на луѓе со потекло од Северна Африка. Во локалното училиште, учителките предвиделе на приредбата закажана за 26 јуни да се пее песната на Џон Ленон на повеќе јазици: француски, корзикански, арапски, англиски и шпански.

Нивната инцијатива наиде на протести. Некои од родителите негодувале дека нивните деца ќе пеат на арапски и се заканиле дека ќе ја спречат приредбата, ако се остане на замислата и програмата на учителките. Во меѓувреме на социјалните мрежи беа истурени неористојни коментари за оваа инцијатива.

Училиштето ја откажа приредбата и инспекцијата поднесе тужба против непознат сторител.

Во понеделникот и вторникот во знак на протест, учителите не одржаа настава, изразувајќи го нивното жалење во соопштение за јавноста „поради амалгамот кој се прави меѓу јазикот и религијата и дезинформацијата која ја спроведуваат некои од родителите на нивните ученици“. Тие, исто така, изразија жалење, бидејќи неможело да се гарантира „простор за неутралност на учениците и безбедност на персоналот“.