Корзиканските националисти демонстрираа моќ пред пристигнувањето на Макрон

© AP Photo/Raphael Poletti

Илјадници луѓе во саботата на Корзика учествува во протесната поворка повикувајќи го францускиот претседател Емануел Макрон на дијалог за нивните барања за автономија, три дена пред неговата посета на овој остров во составот на француската територија во Средоземното Море.

Околу 6.000 луѓе според полициска процена, а 25.000 демонстранти според процената на организаторите, дефилираа по улиците на Ајачо, главен град на департманот Корзика. Националистите претходно соопштија дека очекуваат околу 8.000 учесници на протестот.

„Ваков одѕив немаше последните години, одѕивот е голем. Корзиканците со ова испраќаат силна порака. Сега претседателот на републиката треба да одговори и се надевам дека слушна што денеска порачавме“, изјави задоволство еден од приврзаниците на поголемата автономија на Корзика, Жил Симеони по протестот кој мина мирно.

Учесниците минаа низ градот носејќи транспарент со натпис „Демократија и почитување на корзиканскиот народ“ предводени од девојки со корзиканско знаме, некои носејќи само написи „Демократија“, „Да живее борбата за независност“, „Француската држава нѐ убива“ и знамиња на Корзика.

Корзика со децении беше обележана со насилства, таму се извршени повеќе од 4.500 напади во коишто главно беа предизвикувани материјални штети и за коишто одговорноста ја преземаше Фронтот за национално ослободување на Корзика (FNLC), која во 2014 година го положи оружјето.

Посетата на францускиот претседател Емануел Макрон се случува точно на дваесеттата годишнина од смртта на префектот Клод Ерињак, кого приврзаник на независност на Корзика го уби од огнено оружје на 6-ти февруари 1998 година во самиот центар на Ајачо.

Барањата на националистите

Претходно претседателот на корзиканскиот парламент Жан-Ги Таламони изјави дека корзиканските националисти имаат намера да започнат преговори со Париз за статусот на автономијата на островот. Уште пред изборите регионалниот парламент, кои се одржаа на 10-ти декември, со цел да добие масовна поддршка од избирачите, корзиканските националисти го омекнаа својот став и во оваа фаза дејствуваат не за истапување на Корзика од составот на Франција, туку за остварување на нејзиниот статус на широка автономија.

Тие, исто така, ги истакнуваат во односите со централните власти на Франција и барањето да се внесе цела низа уставни измени, особено признавањето на корзиканскиот јазик за официјален покрај францускиот, а, исто така, да се внесе статусот на локален жител (резидент) за спречување на шпекулациите со недвижнините.

Коалицијата на корзиканските националисти „За Корзика“, во којашто учествуваат и поддржувачите на проширувањето на автономијата на островот но и политичари кои се залагаат за негово осамостојување од Франција, убедливо победи на изборите за регионалниот парламент. Освојувајќи во вториот изборен круг 56,5 отсто од гласовите, таа практични ги истисна претставниците на другите партии, вклучително и партијата на францускиот претседател Емануел Макрон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.