Косачев: Целта на НАТО е да ги држи Русите надвор, Американците внатре и Германците долу

НАТО официјално ја покани Црна Гора да се придружи на Алијансата предводена од САД, за време на состанокот на НАТО на надворешни министри. Генералниот секретар Јенс Столтенберг исто така нагласи дека БиХ, Грузија и МАкедонија се земјите што се очекува дека ќе и се придружат на Алијансата. Се очекува дека пристапните преговори со Црна Гора ќе траат една или две години.

Пушков:  Западните земји и САД се подготвени да замижат за волјата на народот, со цел да ја извлечат земјата во НАТО

Кон крајот на ноември Алексеј Пушков, претседателот на комитетот за надворешни работи во долниот дом на Руската Дума, изјави дека поголемиот дел од црногорците се против членството на земјата во НАТО.

Пушков: Западните земји и САД се подготвени да замижат за волјата на народот, со цел да ја извлечат земјата во НАТО
Пушков: Западните земји и САД се подготвени да замижат за волјата на народот, со цел да ја извлечат земјата во НАТО

Секое истражување на јавното мислење ќе покаже дека мнозинството во Црна Гора не го поддржува влезот на земјата во НАТО, рече Пушков во неговото обраќање во Парламентот.

Тој поднесе предлог-резолуција „Од обраќањето во Думата” во парламентот на Црна Гора и на парламентарците од земјите членки на НАТО и на Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Според Пушков, Западните земји и САД се подготвени да замижат на секое нарушување, па дури и на волјата на народот, со цел да ја извлечат земјата (Црна Гора) во НАТО.

Како што рече истото се случило во 1997-мата година кога за членството на НАТО во Словачка само 10 отсто од народот излегле на референдумот.

Но дури и од тие 10 отсто, 54 гласаа против придружување на НАТО. Конечно идејата за референдумот беше напуштена, а политиката за извлекување на Словачка во НАТО беше отпочната, рече Пушков.

Тој рече дека НАТО не исполнува ниту една од своите цели: не ја гарантира безбедноста на своите земји членки, не одговара на нападите врз нивните земји членки и не создава услови за луѓето да го направат својот демократски избор.

Гледаме како Црна Гора вештачки е вовлечена во НАТО. Тоа е директно нарушување на правото на народот да одлучува за сопствената иднина, вели тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.