Кошарка: Во првото коло две дерби средби

Во просториите на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) во средата се одржа жрепка за двојките во претстојната натпреварувачка сезона во Првата лига.

Вкупно 12 екипи ќе се натпреваруваат во првиот дел од првенството. Од минатата сезона остануваат актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром, вицешампионот и освојувачот на државниот Куп за оваа година Карпош Соколи, Работнички, Куманово, Фени Индустри, АВ Охрид, Струмица и Кожув.

Од Втората лига промоција добија екипите на Гостивар и на Радовиш, но на местото на Радовиш ќе се натпреварува Блокотехна. Со проширување на Првата лига од 10 на 12 екипи, место во кошаркарската елита на Република Македонија добија Пелистер и Шкупи.

Дербито на првото коло е дуелот меѓу ланските финалисти МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи, а не помелку интересен дуел се очекува и во Куманово каде што гостува Работнички.

Двојки за 1.коло:

Пелистер – Шкупи
Фени Индустри – Гостивар
Струмица – АВ Охрид
Кожув – Блокотехна
МЗТ Скопје Аеродром – Карпош Соколи
Куманово – Работнички.